“Тиквеш“ собра 34 награди на престижни светски вински натпревари
Објавено на од во Компании
На овие натпревари, мeѓу кои и „Декантер“ и „Интернешенел Вајн Челинџ“во Лондон, наградени се вина од премиум сегментот на „Тиквеш“.

Врвните вина на „Тиквеш“ и „Домен Лепово“ освоија 34 различни медали и признанија на седумте најмасовни и најценети глобални вински случувања, известија од компанијата. Натпреварите во овој дел од годината се одржуваат во Франција, Германија, Велика Британија и Белгија, мeѓу кои и „Декантер“ и „Интернешенел Вајн Челинџ“во Лондон.

На овие натпревари, наградени се вина од премиум сегментот на „Тиквеш“. Најголем дел  од наградените вина се од бербата 2014, која по сите стручни оценки беше една од најтешките, заради неповолните временски услови кои имаа влијание врз квалитетот на грозјето во светски рамки.

“Успехот е уште поголем доколку се земе превид фактот што конкуренцијата ја сочинуваа вина од постари берби, произведени во години кога временските услови беадалеку понаклонети за квалитетот на грозјето и виното. Тоа јасно покажува дека ‘Тиквеш’ располага со најсовремена технологија, стручност и знаење во одгледување на грозје и производството на исклучителни вина со висока вредност“, вели Игор Илиевски, генерален директор на “Тиквеш“.

Најновите златни медали ги добија врвните розе вина од серијата „Александрија куве“ и „Класик“, како и црвеното вино „Александрија куве“, освоени на натпреварите „Ле Мондеал д Розе“во Франција и „Конкурс Мондеал“ во Белгија.
Веќе традиционално, престижни признанија добиваат и тероар вината „Бела вода“ и „Барово“, како и речиси сите вина од премиум серијата „Спешал селекшн“ и ултра-ексклузивните вина од „Домен Лепово“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×