Тилерсон денеска во Москва ќе разговара за Сирија со Лавров
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон денеска во Москва ќе разговара со шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, за актуелната ситуација во Сирија.

Тилерсон вчеравечер допатува во прва посета на Москва во својство на државен секретар на САД со цел да ги убеди Русите да му ја откажат поддршката на сирискиот претседател Башар ал Асад.

Состанок на Тилерсон со рускиот претседател Владимир Путин не е предвиден.

Вчера Путин изјави дека бунтовници во неколку региони на Сирија, вклучително и во Дамаск, планират слични хемиски напади (како тој во Идлиб), со цел одново да биде обвинет Башар ал Асад, односно, на Американците да им се даде нов повод за ракетни напади врз Сирија.

Посетата на Тилерсон требаше да ги постави темелите за подобри односи САД-Русија, како што се очекуваше имајќи ги предвид позициите на американскиот претседател Доналд Трамп, но последните случувања во Сирија направија пресврт во ваквите залагања.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×