Тим од мигранти ќе се натпреварува на Олимписките игри во Рио   
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Тим составен од мигранти ќе се натпреварува на Олимписките игри во Рио де Жанеиро од 5 до 21 август. Проценето е дека вкупно 43 спортисти може да бидат дел од мигрантскиот олимписки тим, што ќе се натпреварува под олимпиското знаме.

„Со ова добредојде за мигрантскиот олимписки тим на игрите во Рио сакаме да испратиме порака со надеж до сите бегалци во светот. Овој тим ќе биде третиран како и сите други“, изјави првиот човек на Меѓународниот олимписки комитет, Томас Бах.

rioПокрај спортските способности, кој ќе биде дел од овој тим ќе одлучуваат и околностите под кои спортистите станале бегалци – нивниот бегалски статус ќе мора да биде потврден од Обединетите нации. Сите што ќе ги задоволат критериумите ќе добијат финансиска помош за да продолжат со тренинзите.

„Тимот на крајот би можел да има петмина или десетина спортисти. Немаме некоја цел, сѐ зависи од нивните спортски резултати“, нагласи Бах.

Бегалскиот тим на официјалното отворање на игрите на стадионот ќе влезе претпоследен, пред оној на домаќинот Бразил.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×