TIMOCOM транспортен барометар: Германската транспортна индустрија извозела помалку налози во третиот квартал од 2019 година отколку во претходната година
Објавено на од во Економија
Трендот на намалување сепак е запрен – пазарот се движи на 94% од нивото на претходната година, вели ИТ компанијата TIMOCOM во својата анализа.
TIMOCOM транспортен барометар:
Германската транспортна индустрија извозела помалку налози во третиот квартал од 2019 година отколку во претходната година
Трендот на намалување сепак е запрен – пазарот се движи на 94% од нивото на претходната година, вели ИТ компанијата TIMOCOM во својата анализа.
 TIMOCOM транспортен барометар
Германските транспортни компании остварија помалку деловни активности во третиот квартал на 2019 година отколку во претходната година. Од јули до септември националниот превоз со камиони во Германија опаднаа за 12% во однос на истиот период од претходната година. Како и да е, цикличниот пад, кој беше очигледен до средината на годинава во побарувачката за транспортни услуги во првиот Smart Logistics System во Европа, беше стопиран. Ова го објавува ИТ компанијата TIMOCOM во својата анализа за третиот квартал од 2019 година со  анализа на транспортниот барометар.
„Побарувачката за транспорт во Германија е послаба во однос на претходната година“, вели бизнис аналитичарот на TIMOCOM, Тилман Феке. Сепак, бројот на утовари понудени на транспортната берза од Јануари 2019 година се стабилизираа во текот на оваа година. „Пазарот во моментов е на 94% од претходната година“, вели Феке.
Неуспесите на земјоделските култури како резултат на обилните врнежи од дожд во Шпанија, растечките залихи како резултат на неизвесноста во Брегзит во Велика Британија
Гледајќи во одделни земји од ЕУ, сликата е различна: Така, поради поројните дождови во последните неколку недели во Средоземното Море и во Источна Андалузија доведоа до големи загуби  кај овошјето и зеленчукот што влијаеше на камионскиот извоз од овој регион. „Значителното зголемување на извозот што земјоделците во Шпанија успеаја да го забележат во првите два квартали од оваа година, попушти“, забележува Феке. „Дополнително на ова е политичката блокада во Шпанија, која сè уште е без влада. Оваа панорама на неизвесност има и блокирачки ефект врз извозот “.Резултатот е што возилата што возат назад кон јужна Европа недостасуваат на пазарот. „Затоа, во однос на третиот квартал од 2018 година, забележуваме пораст на понудата на утовари од 14% кон Шпанија и 12% кон Португалија, дополнува Феке.
Кај развојот во Велика Британија, транспортниот  барометар на TIMOCOM ја одразува големата неизвесност на пазарот што преовладува во пресрет на дебатата за Брексит во европската економија. Додека бројот на понуди на утовари од земјите на ЕУ до Велика Британија во првите два квартала од оваа година опаднаа за 56%, во моментов се’ повеќе се превезува кон островот.  Феке: „Во третиот квартал, повторно гледаме зголемување на нивото на залихи, што укажува на тоа дека компаниите со седиште во Велика Британија во моментов се подготвуваат за следните неколку месеци“.
10 години TIMOCOM транспортен барометар
Со транспортниот барометар од 2009 ИТ компанијата TIMOCOM го анализира развојот на понудите и побарувачката за транспорт на во Smart Logistics системот интегрираната Smart Апликација утовари и утоварен простор. Повеќе од 130.000 корисници днево генерираaт и до 750.000 меѓународни понуди на утовари и утоварен простор. Системот им помага на над 43. 000 TIMOCOM клиенти да ги постигнат своите логистички цели на паметен, безбеден и лесен начин.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×