Тимот на ФЕИТ победи на балкански инженерски натпревар
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Тимот  на студентите на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) наречен „Space Divers“ победи во категоријата „Case Study“ на инженерскиот натпревар „European Best Engineering Competition“ и со тоа се пласира за учество на европската финална рунда во Торино, Италија што ќе се одржи летово.
феит„Case Study“ e интензивна анализа што дава конкретно решение на некој технолошки или менаџерски проблем.
„Како претставници на државата и на ФЕИТ, со знаење и тимски дух и благодарение на она што сме го научиле и добиле од Факултетот, заслужено го освоивме првото место и обезбедивме понатамошен пласман на европско ниво. Успехот што го постигнавме е и успех на самиот факултет, вели Бојан Страчковски“, лидер на тимот.
За деканот на ФЕИТ, професор д-р Димитар Ташковски и оваа победа на студентите претставува доказ за вистинската едукација во рамки на Факултетот.
„Огромна чест и задоволство е да се примаат студенти кои освоиле прво место на меѓународен натпревар. Ова за нас претставува само потврда дека како Факултет успешно и правилно ги едуцираме студентите и освен теоретски, тие добиваат и практични знаења. Секако, им посакувам уште многу успеси на нашите студенти“, рече Ташковски.
Натпреварот е наменет за поттикнување на креативното размислување за решавање на комплексни проблеми, и се одржува во три рунди: локална, регионална и финална рунда.
Ова е десетта година како тимовите од нашата држава учествуваат на овој натпревар.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×