Тирана го либерализира пазарот на труд и за Албанците од Северна Македонија
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Албанската Влада донесе одлука за либерализација на пазарот на труд за Албанците од Северна Македонија, како и оние од Црна Гора, објави на својот профил на Фејсбук, министерот за Европа и за надворешни работи, Гент Цакај.
640x480-albanian-parliamenttТоа значи  дека државјаните на двете земји, а кои се со албанско етничко потекло во иднина не мора да поседуваат работна дозвола или потврда дека се работно ангажирани од фирмата каде работат.
Претходно ваква одлука Vладата во Тирана донесе за Албниците од Косово и од Прешевската Долина, односно јужниот дел на Србија.
„Оваа одлука е составен дел од напорите на Владата за либерализација на  пазарот на труд за Албанците во целина. Без оглед на тоа што ова може да изгледа како акција без итно влијание или звучи како потполно симболична иницијатива, ова е неопходен чекор за зголемување на врските на Албанија со Албанците во соседните земји без разлика“, напиша Цакај.
Додава дека оваа одлука, сепак, е само дел од поширок пакет мерки што Албанија ги планира за приближување на Албанците во целина.
„Наскоро ќе се видиме со слични одлуки“, стои на крајот од постираниот текст на Цакај.
Во коментарите може да се забележат од оние кои ваквата одлука ја поздравуваат до оние кои не се согласуваат зашто како што наведуваат „во Албанија нема работа за нив, а не за оние од соседните земји“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×