Тодор Деловски: Човечност, партнерство, претприемачки дух и посветеност се главните столбови на нашиот успех изминатите 25 години
Објавено на од во Компании

 

8Тодор Деловски
регионален директор на Кнауф за Исток – Југозапад

„Живееме во време кое носи големи промени на секое поле, и во работењето но и во животот воопшто. Дигитализацијата како нова индустриска револуција во човештвото од корен почна да го менува начинот на комуникација, работа, истражување итн. Ние како компанија сериозно се занимаваме на таа тема. Нашите вработени се нашето богатство и нашето лице пред купувачите и јавноста – постојано работиме на нивниот развој, дополнително образување или учење на нови вештини. На крајот секоја успешна компанија зависи од успешните, мотивирани и задоволни вработени.“

 

 

Германскиот гигант за производство на гипсени градежни материјали – Кнауф во Македонија е присутен веќе 25 години. Оваа компанија досега има инвестирано речиси 42 милиони евра во континуитет со воведување на нови технологии и производи, од кои поголемиот дел одат за извоз на регионалните пазари. Г-дин Тодор Деловски е генерален директор на компанијата од самите почетоци на Кнауф во 1994-та година, најпрво покривајќи ја Македонија, па потоа и Албанија и Косово, тој денес е одговорен и за пазарите во Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Унгарија, Словачка и Бугарија. Во ова интервју разговараме околу моменталната позиција на Кнауф во земјава и останатите пазари, како и плановите и очекувањата за растот и развојот на компанијата во следниот период.
Г. Деловски, како е позициониран Кнауф во Македонија, после 25 години од почетоците на бизнис операциите во земјава? Може накратко да ги истакнете клучните пресвртни моменти на развојот на компанијата.
Почетоците на функционирањето на Кнауф во Македонија се поврзани со двајца вработени во 1994 година во Скопје кои пак многу брзо почнаа да продаваат двојно повеќе производи од гипс од домашната фабрика Радика. Првaта голема пресвртница во историјата на Кнауф во Македонија беше нашата аквизиција на таа фабрика за гипс во Дебар – Радика во 1997 г. Од тогаш Кнауф во Македонија до денес има реализирано 42 милиони евра инвестиции. Со поставувањето на целите за иднината на работењето од германските сопственици плански пристапивме кон модернизација на капацитетите, реорганизација и обука на постоечките вработени, вработување на нови вработени кои полека, но сигурно Кнауф во Македонија го направија мал регионален центар на овој дел од Европа. Денес Кнауф Македонија има 150 вработени во Дебар и во Скопје. Можеби оваа бројка во однос на 30.000-те вработени во групацијата во светот е скромна, но Дебар и Скопје во рамките на Кнауф станаа расадници на квалитетни кадри кои со годините добиваа се поодговорни функции во рамките на глобалната Кнауф организација.
Каква е моментално побарувачката за производите на Кнауф и кој дел од градежништвото го покривате со нив?
Иако на почетокот препознатливи како „материјал за спуштени тавани“ денес Кнауф системите се квалитетно и проверено решение во сите сегменти на високоградбата. Заради добрите изолациони карактеристики, брзината и економичност тие се прифатени и кај нас, како и во светот воопшто, како модерно комплетно градежно решение. Во нашето портфолио можете да најдете повеќе стотина разни градежни решенија, како што се нашите веќе препознатливи Кнауф преградни ѕидови и тавани, во разни варијанти во зависност од потребите на клиентот. Но, нашата понуда одамна е проширена на речиси сите делови од градбата на објектите: Кнауф е веќе широко прифатен бренд и во фасадните ѕидови, подовите, топлинската, звучната и хидро-изолацијата, пасивната противпожарна заштита, акустиката, градежната хемија, лепаците за плочки, силиконите, итн. Нашите системи денес се применуваат во станбените објекти, во деловни објекти, хотели, болници, училишта, детски градинки итн. Изработени се од гипс, еден од највредните градежни материјали на светот, кој освен добрите механички карактеристики, има иста pH вредност како човековата кожа и добра пародифузност, обезбедувајќи со тоа пријатен амбиент и комфор во просторот. Од антиката до денес, градежниците добро го знаеле тоа и затоа тој бил и останува една од најздравите опции за градба. Побарувачката на Кнауф производите е во постојан раст насекаде во светот па и кај нас. Но, сразмерно сè уште употребата на гипсени плочи по глава на жител кај нас заостанува во споредба со бројките од соседството, а особено во споредба со земјите од западна Европа и САД. Кај нас во моментов трошиме околу 2 мгипсени плочи по жител, во соседните земји тој број достигнува до 4 м2, а на Запад потрошувачката се качува до 10 м2 по жител.
Какви се моменталните трендови во високоградбата во земјава и нивното влијание врз продажните резултати на Кнауф?
Се градат сè поквалитетни објекти. Искусните инвеститори успешно одговараат на новите барања и потреби на купувачите кои се пак сè поинформирани и попребирливи. Нудат објекти со еколошки материјали, висока звучна изолација и комфор во просторот, енергетски ефикасни, безбедни итн. Од овие причини тие се почесто ги избираат Кнауф системите, кои се развиени и испитани по европските стандарди и со сигурност ги решаваат замислите на проектантите и инвеститорите.
Објаснете ни за значењето на Кнауф Академијата за развојот на квалитетот на градењето во Македонија?
Кнауф Академијата е платформа за комуникација со сите чинители во градежниот процес, преку која на сите нив несебично им го даваме сето наше know-how и акумулирано искуство како компанија што успешно работи во светот речиси 100 години наназад. Мисијата на Кнауф Академијата е подигнување на квалитетот на градба. Со оваа платформа, паралелно со образовниот систем, се едуцираат и информираат сите категории на изведувачи, градежници и архитекти (монтери, малтерџии, фасадери, молери, акустичари, противпожарци, итн.) преку теоретски и практични работилници. Сакаме сите најнови достигнувања во Кнауф и во светското градежништво воопшто, експресно и директно да ги донесеме во Македонија. Цел на Академијата е нашите градежници, кои од секогаш биле познати и признати, да останат во чекор со сите нови сознанија и техники кои се користат во светот.
Колку успевате со вашите едукативни активности да го ублажите проблемот на одлив на кадри од земјава?
Освен споменатата Кнауф академија, Кнауф е вклучен во едукација на идните градежници преку одредени програми во насочените средни училишта и факултети. Заради задоволување на потребите на пазарот инициравме и заедно со градежните училишта воведовме нов профил на занимање во градежништвото – монтер за сува градба, кој постои веќе 15 години. До сега овој занает го имаат изучено околу 1000 монтери, од кои добар дел имаат започнато сопствен бизнис. Како социјален партнер на средните градежни училишта низ Македонија учествуваме во уписите со цел привлекување на повеќе ученици. Помагаме со материјали, нагледни средства и мостри, па дури преку размена на искуства со други сродни училишта од Европа во самата реализација на наставните програми. Горди сме што нашите гипсари денес работат на големи проекти низ Европа и ширум светот. Неодамна при еден мој трансфер на еден голем аеродром во Европа имав пријатна средба со едно наше момче, монтер од Македонија, кој учествуваше во некои градежни активности во тамошната аеродромска зграда. Тоа е пазарната реалност, ако тука не го валоризираат својот труд луѓето со занает, вештини или знаење ќе бараат можности на друго место. Очигледно тоа ни се случува, а ние треба да извлечеме поука!Извозот расте двоцифрено. Минатата година завршивме со извоз од 21 милион евра што е всушност 76% од производството во нашата фабрика во Дебар. Извезуваме главно во земји од Југоисточна Европа. Наспроти тоа, во Македонија бележиме помал раст кој се должи пред сè на намалениот обем на градба.
Се наоѓате меѓу најголемите извозници од земјава – колкав извоз направивте минатата година и каков е тој резултат во однос на 2018? Каква е проекцијата за годинава, судејќи според првиот квартал? Каков е соодносот на продажбата на домашниот наспроти извозот на Кнауф Македонија?
Растеме поради сè поголемата примена на Кнауф системите наспроти традиционалните, како и заради ширењето на портфолиото и новите производи кои доаѓаат на пазарот како потреба за решавање на конкретни проблеми на градежниците. Извозот расте двоцифрено. Минатата година завршивме со извоз од 21 милион евра што е всушност 76% од производството во нашата фабрика во Дебар. Извезуваме главно во земји од Југоисточна Европа. Наспроти тоа, во Македонија бележиме помал раст кој се должи пред сè на намалениот обем на градба. Неиздавањето на градежни дозволи во најразвиените општини, намалениот обем на државни инвестиции, како и ретките странски вложувања директно се одразува и на нашите продажби во земјата. Како и погоре споменато, со откочувањето на градежниот инвестициски процес ќе ги задржиме и стручните кадри од овој сектор во Македонија.
2Кои се носечки извозни производи на Кнауф во моментов?  Колку иновативноста има битна улога во развојот на производната палета на Кнауф, односно колку нови или усовршени производи Кнауф Македонија понуди на пазарот последниве години?
Денешните купувачи се добро информирани и нивните барања се сé повисоки. Кнауф ја препозна потребата за добро изолирани објекти и затоа развивме нова програма за подобра звучна заштита и акустика. Иновативната Cleaneo плоча со зеолит нуди акустичен комфор и истовремено ги неутрализира штетните честички во просториите, а новите плочи Sonicboard и Diamant во преградните ѕидови обезбедуваат добра звучна изолација. Понудивме и нов фасаден систем со применета ТСР технологија (Total Solar Reflection) која овозможува уште поголема постојаност на боите и долготрајност на фасадата. Понудивме и нови материјали за глетување со одличен квалитет, за рачно и машинско нанесување. Со машинска употреба, глетувањето на ѕидовите и таваните оди многу побрзо, поефикасно и поекономично, што е од огромно значење компанија во ситуацијата во која се наоѓаме денес кога се чувствува недостатокот на работници во градежништвото.
Новина е и нашата понуда „добро-подобро-најдобро“, односно, нашиот концепт за секое барање да понудиме неколку различни решенија. На тој начин, освен што нудиме решенија за да ги задоволиме барањата и на најпребирливите, сакаме пред сè, да му го оставиме на купувачот задоволството да избере самиот – зависно од потребите или буџетот.
Како директор одговорен за операции на Кнауф на неколку пазари во регионов кои се за вас најголемите предизвици при остварување на целите зацртани од принципалот?
После 25 години работа во Кнауф во Македонија и регионот една работа беше константа, а тоа е постојаното учење и подобрување во многу сегменти од работата. Едноставно живееме во време на континуирани промени кои се случуваат во се помала временска рамка и менувањето и адаптирањето е круцијално за напредок. После овие 25 години можам со сигурност да констатирам дека и ние како компанија, и купувачите на нашиот пазар, не сме исти. Ни останува како приоритет адаптирањето кон приликите на сегашниот пазар и потребите на купувачите.
Живееме во време кое носи големи промени на секое поле, и во работењето но и во животот воопшто. Дигитализацијата како нова индустриска револуција во човештвото од корен почна да го менува начинот на комуникација, работа, истражување итн. Ние како компанија сериозно се занимаваме на таа тема. Крајниот резултат треба во иднина да го почувствуваат како придобивка нашите купувачи и корисници на материјалите – ќе можат побрзо и полесно да дојдат до совет, одговор на своите прашања, и целосно да го персонализираат своето Кнауф искуство при избор и работа со нашите материјали. Тоа значи и дообука на нашите вработени, соработници и партнери бидејќи сето тоа треба да работи како еден беспрекорен систем. Нашите вработени се нашето богатство и нашето лице пред купувачите и јавноста – постојано работиме на нивниот развој, дополнително образување или учење на нови вештини. На крајот секоја успешна компанија зависи од успешните, мотивирани и задоволни вработени.
Несомнено Кнауф е светски лидер во производство на системи за градежништвото. Која е тајната на успехот на компанијата Кнауф во Македонија?
Иако одговорот за многу ќе зазвучи прилично корпоративно и малку филозофски сепак мислам дека навистина тука е вткаена најголемата вистина: тоа се 4-те главни вредности кај нас: човечност (Menschlichkeit, на германски), партнерство, претприемачки дух и посветеност. Сите вработени на Кнауф во Македонија не само што ги живеат овие вредности секојдневно на работа, туку мислам за многу од нив овие вредности станале веќе и нивни водилки во животот воопшто.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×