Тодориќ: Има 3000 невработени готвачи во Хрватска, а ние не успеавме да вработиме ниту еден во нашите хотели. Како е тоа можно?!
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
 Oна што ние како бизнисмени не може да прифатиме е тоа што имаме проблеми да најдеме работници за туризам, градежништво, трговија…, вели сопственикот на хрватски Агрокор, Ивица Тодориќ. 
Ivica Todorić

 

 

 

 

 

 

 

 

Сопственикот на хрватскиот концерн Агрокор, една од најголемите компании во југоисточна Европа, Ивица Тодориќ, вчера се пожали дека не може да најде работници за своите бизниси. “Сите сме возбудени околу нашата политичка ситуација, ‘се забавуваме со тоа дали коалицијата ќе се договори или не. Политички борби секогаш имало и ќе има, и јас би рекол дека тоа е потполно нормално. Но, она што ние како бизнисмени не може да прифатиме е тоа што имаме проблеми да најдеме работници за туризам, градежништво, трговија…Од Заводот за вработување добивме 4.000 адреси, од кои што ни се јавија 200 невработени, а од нив останаа да работат само 40 луѓе. На бирото има и 3.000 готвачи, а ние за нашите хотели не успеавме да добиеме ниту еден, па ги повикувам медиумите да го испитаат ова, како е можно да има толку невработени, а никој не сака да работи“, порача Тодориќ, по потпишувањето на “џоинт венчр“ зделката со белгиската компанија Ardo, најголемиот европски производител на замрзнато овошје и зеленчук, како што пренесува загрепски Вечерњи лист.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×