Тодориќ испорачан во Хрватска и сместен во истражен затвор
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

TodoricПоранешниот сопственик на хрватскиот Агрокор, Ивица Тодориќ, против кого е отворена истрага за „стекнување материјална корист“, синоќа беше екстрадиран од Лондон во Хрватска, по што директно е одведен во истражниот затвор во Реметинац.

Тодориќ беше уапсен во Лондон каде замина по избивањето на аферата „Агрокор“.

Во затворот му е врачено и судско решение за одредување истражен затвор, на кое има право на жалба.

Тодориќ замина во Лондон тврдејќи дека е изложен на политички прогон од хрватските власти.

Откако му беше потврдена одлуката за екстрадирање во Хрватска, тој изјави дека е „малку разочаран“, но дека е подготвен за натамошни битки.

Истрагата против Тодориќ беше покрената минатата година поради сомневање дека од „Агрокор“ „извлекол“ повеќе од милијарда куни.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×