Тодоров ја преживеа интерпелацијата -  останува министер за здравство
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

todorov2Со 23 гласови „за“ и 59 „против“, Собранието пред полноќ не ја прифати интерпелацијата за работата на министерот за здравство Никола Тодоров поднесена од пратениците од опозицијата, кои бараа негова оставка.

За време на седницата која се одвиваше скоро 12 часа опозиционерите бараа разрешување на Тодоров поради, како што рекоа, повеќе смртни случаи во здавството, несоодветно и нестручно управување и системски пропусти.

Тодоров и пратениците од неговата партија, пак, ја оценија интерпелацијата како неоснована, наведувајќи ги сите проекти во кои е инвестирано во здравството во последните неколку години.  Реконструкција и изградба на здравствени објекти, набавка на современа медицинска опрема, мерки за намалување на цените на лековите, поливалентните вакцини беа само дел од проектите кои пратениците од владејачката партија ги искористија за одрбана на Тодоров.

И додека пратениците дебатираа за пропустите и проектите на Тодоров, надвор од собранието оставка од министерот за здравство побараа и активисти и група граѓани кои протестираа неколку часа пред законодавниот дом.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×