Тодоров: Јас нема да паднам за вашите политички трикови. Ќе зборувам за направеното!
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

todorovЈас денеска нема да дозволам да паднам на овие евтини политички трикови коишто како ваша политичка матрица постојано ја спроведувате во Македонија. Јас ќе зборувам за проекти, за тоа што сме направиле. Вака денес министерот за здравство, Никола Тодоров одговори на критиките од опозицијата за време на неговата интерпелација во Собранието.

Тој додаде дека сето она што го наведува опозицијата потсетува на едно време што, како што рече, помина со многу висок бебешки морталитет, немање зрачна терапија, долги листи на чекање, огромни долгови, за немање средства во јавното здравство.

Тодоров потсети на повеќе проекти меѓу кои над 160 кардиохируршките интервенции направени во детската кардиохирургија, воведување на „Мој термин“ – централизиран систем, кој содржи вкупно 1.645.378 електронски досиеја , за поливалентните вакцини, за проектот „рурален доктор“…

Како што рече, досега се инвестирани над 100 милиони евра за набавка на нова најсовремена медицинска опрема.

Опозицијата, пак,  побара смена на министерот Тодоров поради, како што се наведува во барањето за интерпелација, системските проблеми и хаосот во здравството што резултира со трагични последици врз граѓаните и врз пациентите.

Тодоров, според нив, треба да понесе одговорност за несоодветното и нестручно управување со здравствениот систем, со ресурсите, немањето стратегија за развој, за нереализирана здравствена картичка, за ниските плати и изгубеното достоинство на „белите мантили“, за заминувањето на 700 лекари од Република Македонија, за смртта на Тамара и на родилката и нејзиното бебе во Гевгелија…

„Нема педијатри во јавното здравство, затоа смртноста расте. Изгубена е довербата и во системот на вакцинација. Граѓаните си купуваат вакцини од странство. Требаше да си одите и затоа што го растуривте и Клиничкиот центар. Нема редовно греење во болниците, нема редовни реагенси за компјутерско снимање, нема антибиотици, ги нема основните лекови, а да не зборуваме за цитостатици. Долги се листите за чекање за зрачна терапија. Требаше да си одите и поради неуспешниот „Мој термин“, рече пратеничката Јагода Шахпаска од СДСМ.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×