Томас Герберих: Германија очекува Владата и опозицијата да го спроведат договорот за името
Објавено на од во Интервју

najava za naslovnaТомас Герберих
амбасадор на Сојузна Република Германија во Република Македонија

Вашата држава го избра патот на евроатланската интеграција и во тоа ја поддржуваме македонската Влада.Во надворешната политика Владата презеде одлучувачки чекори за да ги релаксира и подобри односите кон соседните држави, како на пример со потпишувањето на договорот за пријателство со Бугарија и повторното воспоставување на добрососедските односи со Грција. Договорот за името во рамките на оваа надворешна политика која е ориентирана кон иднината е храбар и историски чекор за двете држави кој беше неопходен веќе подолго време. До финализирањето секако дека претстојат уште дополнителни формални, се до промена на Уставот. Овие чекори и понатаму бараат храброст, истрајност и политичка далековидност на сите страни и внатре во државата исто така. Се надевам дека и опозицијата за ова ќе има конструктивен став и во интерес на државата и иднината на своите граѓани како и во интерес на мировна соработка во рамките на целиот регион, на крајот ќе го поддржи спроведувањето на договорот.

 

Г–не Герберих, процесот за решавање на спорот за името имаше силна поддршка од официјална Германија. Како го цените Договорот?

Новата македонска Влада од преземањето на должноста во јуни 2017 година постојано покажува политичка волја да ги покрене потребните чекори, кои што овозможуваат не само добрососедски соживот во регионот, туку кои треба да доведат и до брз пристап во ЕУ и НАТО. Во надворешната политика Владата презеде одлучувачки чекори за да ги релаксира и подобри односите кон соседните држави, како на пример со потпишувањето на договорот за пријателство со Бугарија и повторното воспоставување на добрососедските односи со Грција. Договорот за името во рамките на оваа надворешна политика која е ориентирана кон иднината е храбар и историски чекор за двете држави кој беше неопходен веќе подолго време.

 

Потписот на двајцата министри, г. Коѕијас и г Димитров, сепак не значи и финализација на спорот, имајќи предвид дека следуваат понатамошни чекори во имплементацијата на самиот договор. Опозициите од двете земји, но и македонскиот претседател не се кооперативни во овие процеси. Ве загрижува ли тој факт?

На сите страни од самиот почеток им беше јасно, дека проблем кој постои веќе 27 години помеѓу две држави и кој зад себе веќе има долги и комплицирани преговарачки процеси, не може едноставно да се реши од денес за утре. До финализирањето секако дека претстојат уште дополнителни формални чекори по договорот, се до промена на Уставот. Овие чекори и понатаму бараат храброст, истрајност и политичка далековидност на сите страни и внатре во државата исто така. Се надевам дека и опозицијата за ова ќе има конструктивен став и во интерес на државата и иднината на своите граѓани како и во интерес на мировна соработка во рамките на целиот регион, на крајот ќе го поддржи спроведувањето на договорот.

 

Кои се опасностите за земјата, но и пошироко, за регионот доколку не успее спроведувањето на Договорот?

Договорот за името сега и официјално ја манифестира мировната соработка која е исто така ориентирана кон раст и веќе постоеше во пракса помеѓу двете држави како партнери и сојузници во регионот и во цела Европа. Договорот може да биде пример како несогласувањата можат да се надминат на мирен начин и со тоа може да биде пример за други ситуации за разрешување на конфликти. Во таа смисла неспроведувањето би било жесток удар наназад и враќање назад во минати примери на дејствување, што би можело да го загрози напредокот кој е постигнат во целиот регион во смисла на добрососедска соработка. Јасно е исто така дека приближувањето кон ЕУ, кое преку реформи и договорот за прашањето со името конечно доби нова динамика, повторно би доживеало застој. И поканата за членство во НАТО е поврзана со успешно решение на прашањето за името.

 

Германија се покажа како еден од најсилните поддржувачи на македонските европски интеграции, но и еден од најгласните. Вашиот министер за Европа, г. Рот не ја криеше разочараноста, дури и лутината на состанокот во Луксембург, кога Македонија доби условен датум за почеток на преговорите заедно со Албанија. Како според Германија требаше да изгледа заклучокот од тој состанок? Што заслужи Македонија, а што доби всушност?

ЕУ проширувања мора да бидат обмислени и подготвени темелно. Тие исто така изискуваат одобрување од сите земји – членки. Еден ваков процес не е секогаш едноставен и бара максимална способност за компромис. Заклучоците за Македонија и Албанија кои се конечно договорени и индосирањето од страна на Европскиот совет на 28 јуни, се потврда на веќе постигнатиот напредок и со тоа можете да се гордеете. Дека пристапните преговори за ЕУ не одат по автоматизам, туку дека мора да бидат исполнети одредени услови, беше јасно од самиот почеток и тоа не би требало да биде изненадување за било кого. Сега има јасна перспектива со конкретни датуми за почетокот на преговори за проширување. Наскоро ќе се покрене и „скрининг – процесот“, значи се оди напред. Би сакал уште еднаш сосема лично да и честитам на Владата на Вашата земја за овој резултат.

 

Слабостите во реформите во македонското општество сега ни се многу јасно посочени. Каде Вие го гледате најголемиот проблем, во која сфера?

Сега мора да се постават јасни приоритети, како што веќе се направи со извештаите на Прибе и со заклучоците на Европскиот совет. Се работи за следните приоритети: конкретно спроведување на реформите во правосудството со јасен поглед на креирање на правни структури кои функционираат добро, зајакнувањето на реформите на администрацијата и борбата против организираниот криминал и корупцијата. Значи нешто, на што се надеваат граѓаните на државата од новата Влада и каде што сакаат да видат конкретни резултати. Ова не го гледам како проблем, туку како логично спроведување на досега извршените и во интерес на државата и нејзините граѓани потребни реформи.


2KK_3539Договорот за името сега и официјално ја манифестира мировната соработка која е исто така ориентирана кон раст и веќе постоеше во пракса помеѓу двете држави како партнери и сојузници во регионот и во цела Европа. Договорот може да биде пример како несогласувањата можат да се надминат на мирен начин и со тоа може да биде пример за други ситуации за разрешување на конфликти. Во таа смисла, неспроведувањето би било жесток удар наназад и враќање назад во минати примери на дејствување, што би можело да го загрози напредокот кој е постигнат во целиот регион во смисла на добрососедска соработка. Јасно е исто така дека приближувањето кон ЕУ, кое преку реформи и договорот за прашањето со името конечно доби нова динамика, повторно би доживеало застој. И поканата за членство во НАТО е поврзана со успешно решение на прашањето за името. 


Тие бурни дискусии на шефовите на дипломатиите на различните европски држави покажаа дека во Европската Унија денес има сериозни превирања во врска со проширувањето како процес, но и низа други несогласувања во однос на тоа како треба да се менаџираат европските прашања. Франција стои спроти вас. Колку овие сериозни разлики во визиите и пристапот се опасни за ЕУ?

ЕУ се заснова на заеднички демократски вредности и убедувања. Притоа таа е унија на национални држави, кои исто така имаат различни ставови за одредени политички области. Европската политика ги опфаќа сите политички области. За тоа – како што е вообичаено во јаки демократии – се вршат советувања и се постигнуваат компромиси, со кои на крајот можат да живеат сите земји – членки. Убеден сум, дека ЕУ ќе успее во овој дух да ги разреши постоечките несогласувања и дополнително да ја зајакне Унијата.

 

Гледате ли тука и други влијанија, надвор од границите на Унијата?

Во комплексен и мултиполарен свет, во кој што живееме денес, секоја национална држава секако дека секогаш е поврзана и со различни партнери и сојузништва. Овие од друга страна имаат свои интереси и се обидуваат – на најразличен начин – тие да ги спроведат. На крајот останува на суверената одлука на соодветните држави, со кого сакаат да влезат во сојуз, а со кого не. Вашата држава го избра патот на евроатланската интеграција и во тоа ја поддржуваме македонската Влада.

Една од главните тези на поддржувачите на договорот со Грција е таа дека тој удира директно во сржта на национализмот, не само од двете страни на границата, туку и пошироко. Колку порастот на национализмот и неговите политички форми во Европа, во последните години ве загрижува и како ја гледате борбата со него?

За жал во изминатите години се зајакнаа националистичките движења како во Европа, така и ширум светот. Ова е опасно и не смее да се потцени. Причини за тоа се главно незадоволството на населението од соодветната владина политика – во најразлични политички области. Од друга страна, диктаторски влади се обидуваат своето дејствување да го камуфлираат со националистички пароли. Мораме да се спротивставиме на ова преку зајакнување на соработката на сите демократски сили – влади, цивилно општество, мултилатерални работни тела. Уверен сум, дека ќе успееме во ова.

 

Какви придобивки може да очекува земјата од евроатланските интеграции? Како ја гледате Македонија во следните неколку години?

После скоро шест децении, Европската Унија се навраќа на успешна историја. Новите предизвици на 21 век треба уште повеќе да се земат предвид. Посебен акцент се става на одржувањето на благосостојбата и на социјалната заштита внатре во ЕУ. Притоа шансите за Европа се добри – европскиот внатрешен пазар е најголемиот пазар на свет. Со околу 500 милиони жители, ЕУ го сочинува најголемиот трговски простор на светот. Многу нешта, кои го определуваат нашиот живот, се регулираат со европски стандарди. Еве да се осврнеме на областа на животната околина: на ова поле државите на Европската Унија се согласија за важни стандарди, а тоа беше и потребно. Загадувањето на животната околина не познава граници. Или да погледнеме на прашањето за универзитетско образование. Во овој случај се прилагодуваат образовните дипломи, за да се појача взаемното признавање. Би можело да се наведат и други примери како стандарди на прехранбени производи, размена на стоки, слободата на движење во ЕУ – не само стоките, туку и услугите се слободни, а и луѓето уживаат слобода. Оној, кој сака да работи и да живее во друга ЕУ – држава, може да го стори тоа. Можат да се наведат многу други примери, кој покажуваат дека Европската Унија го подобрува нашиот живот.

НАТО е вредносна заедница на слободни демократски држави за заштита на демократијата и човековите права, за безбедност на северно – атлантскиот простор и со взаемна заповед за поддршка. 65 години по нејзиното формирање алијансата не се ограничува само на тоа да ги обезбедува границите на алијансата. Таа со нови позиции се спротивставува на безбедносно – политичките предизвици на иднината. Со соработката со држави надвор од НАТО, таа сака да превенира конфликти и да создава стабилност. Трите области на нејзината безбедносна концепција се колективна одбрана, управување со кризи и кооперативна безбедност.

Оптимист сум, дека Вашата држава во следните години ќе ги спроведе потребните реформи за да доброто на сите граѓани и целосно ќе ја постигне евроатланската интеграција.


Во второто полугодие од 2018 година по мои сознанија треба да се очекува благ економски раст. Ова секако дека во суштина зависи од спроведувањето на реформите кои се започнати од Владата, меѓу другото и во областа на економијата. А не помалку и од ефикасната борба против корупцијата. Но за сето тоа е и потребно време но и подолг здив, а сензации во однос на подобрување на животниот стандард сигурно не треба да се очекуваат. Населението секако дека е нетрпеливо и очекува од Владата, реформите конечно да пристигнат и кај секого поединечно. Тука секако дека можат да бидат од помош странски инвестиции, меѓу другото и да го сопрат се уште големиот број на иселеници во европските држави, кои масовно одат и за Германија. Суштински фактор, притоа е создавање на стабилни структури на правна држава.


Германија е најголем извозен партнер на Македонија, каде што се извезуваат речиси половина од сите македонски производи. Како ја оценувате трговската соработка меѓу двете земји, во кои делови таа може да се унапреди?

Стопанските односи помеѓу двете земји се одвиваат на високо ниво. Германија е најважниот трговски партнер на Македонија. Годишниот билатерален трговски волумен се движи околу скоро 3 милијарди евра и постојано расте. Германија со Македонија дури има суфицит во надворешната трговија и со удел од околу 50% Германија останува главниот извозен пазар на македонските производи. Покрај тоа над 200 претпријатија со германски капитал вработуваат над 15.000 луѓе во државата и бројни домашни фирми имаат трговски и деловни контакти со Германија или застапуваат германски брендови. Германско – македонското стопанско здружение со 200 претпријатија како членки е најголемото билатерално стопанско здружение во државата а од јануари минатата година има и самостојна канцеларија на делегацијата на германското стопанство во Скопје. За да се привлечат уште повеќе инвеститори од Германија, потребна е безбедна околина – а тука мислам на солидна основа, базирана на правна држава. Ако и успее на Македонија со добро темпо да ги спроведе соодветните реформски чекори, сигурно ќе се зголеми атрактивноста за германски претпријатија.

 

Колку сте задоволен од економскиот напредок на Македонија? Чувствувате ли дали граѓаните имаат подобар животен стандард отколку порано и што би требало да направат властите за да го приближат стандардот до европскиот просек?

Во второто полугодие од 2018 година по мои сознанија треба да се очекува благ економски раст. Ова секако дека во суштина зависи од спроведувањето на реформите кои се започнати од Владата – и во областа на економијата. А не помалку и од ефикасната борба против корупцијата. Но за сето тоа е и потребно време но и подолг здив, непосредни сензации во однос на подобрување на животниот стандард сигурно не треба да се очекуваат. Населението секако дека е нетрпеливо и очекува од Владата, реформите конечно да пристигнат и кај секого поединечно. Тука секако дека можат да бидат од помош странски инвестиции, меѓу другото и да го сопрат се уште големиот број на иселеници во европските држави, кои масовно одат и за Германија. Суштински фактор, кој веќе го напоменав притоа е создавање на стабилни структури на правна држава.

 

Германските бизнисмени што работат во земјава и годинава посочија неколку клучни проблеми за водењето бизнис, како што се сузбивањето на корупцијата и криминалот, правната сигурност и ефикасноста на јавната администрација. Очекувате ли властите да ги адресираат овие забелешки?

Владата мора да го стори тоа, бидејќи токму тоа се условите, кои Европскиот совет ги постави во заклучоците за започнување на преговорите следната година. Уверен сум, дека таа и понатаму со сета сила ќе го стори тоа.

Дозволете ми да спомнам уште една тема која им лежи на срце особено на странските инвеститори: стручното образование. Се потешко – особено поради се поголемото иселување на квалификувана работна сила – се наоѓаат квалификувани соработници. На ова поле мора под итно да се преземе нешто. Германија Ви помага при ова. Од почетокот на 2017 година во Македонија е ангажиран експерт за стручно образование на Сојузното министерство за економија, кој овде на лице место уште повеќе го промовира успешниот модел на дуалното стручно образование, значи практична обука во претпријатијата и теоретски основи во стручните училишта и со кого и поддржуваме и конкретни проекти.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×