Томас Хендрик Илвес: Дигитализацијата на една земја најмногу зависи од политичката волја на власта
Објавено на од во Интервју

toomas-hendrik-ilves-president-of-estonia-25502212355Томас Хендрик Илвес
архитектот на дигитализацијата на Естонија

“Од страна на јавноста, првично имаше некој скептицизам, но еден од клучните принципи во мојот притисок беше дека дигитализацијата мора да понуди некои работи што луѓето ги сакаат. На пример, пополнувањето на даноците за три до пет минути е нешто што луѓето го сакаат, бидејќи целиот процес е дигитализиран. Друг пример е дека речиси целата земја користи дигитални рецепти. Немате потреба да одите на лекар за рачно да ви напишат рецепти. Тоа се само некои примери за клучни прашања што може да ги реши дигитализацијата на една земја. Дигитализацијата на една земја има многу помалку врска со технологијата, но многу зависи и е поврзана со политичката волја од страна на владата”, вели Илвес, кој важи за еден од најзаслужните луѓе за дигиталната револуција во Естонија.

 

Уште од рана возраст, како естонски иселеник во САД, Томас Хендрик Илвес ја воочил трансформативната моќ на технологијата. Тој научил да кодира во BASIC во 1970-тите. Потоа продолжил со студирање на политичка психологија на Универзитетот „Колумбија“ и Универзитетот „Пенсилванија“, но кога Естонија се здобила со независност по распадот на Советскиот Сојуз, Илвес со цел да и служи на својата земја се враќа во земјата. Некои од најраните реформи кои ги вовел вклучувале користење на технологија во училиштата од најрана возраст. Тој воочил дека „празната табла“ во државата по осамостојувањето била основа за ретка можност да се размисли повторно како владата би била во поголема интеракција со своите граѓани.
Низ многу бранови на иновации, државата не само што постигнала огромен дигитален напредок, туку ја унапредила и својата технологија. Илвес станува претседател на Естонија во 2006година и на функцијата е два мандати до 2016 година. За тоа време тој вовел многу нови и радикални дигитални идеи. Тој важи за еден од идеолозите кој го создаде дигиталниот модел според кој Естонија важи за лидер во светот.

 
39eИмате интернационална позадина. Роден сте во Стокхолм, Шведска и вашите родители се со потекло од Естонија. Растени сте во Њу Џерси, САД, каде што сте завршиле средно образование. Имате дипломи од Универзитетите „Колумбија“ и „Пенсилванија“. Љубопитен сум за тоа, какво влијание имаше вашето интернационално искуство врз развојот на вашиот мисловен процес?

Најпрво, да бидеш билингвален додека растеш најчесто има голем ефект врз мислењето на луѓето и на тоа како тие ги гледаат нештата од поинаква перспектива. Јас сум исто така дете на бегалци, па затоа бев запознаен со меѓународните проблеми многу повеќе од другите деца. Се сеќавам дека почнав да ги читам New York Times, кога имав 9 години поради Советскиот Сојуз и нејзината поврзаност со државата од каде потекнуваа моите родители.

Второ големо влијание е тоа што научив да програмирам кога бев 9-то одделение. Имав наставничка по математика која работеше на својата докторска дисертација за образование по математика и одлучи да научи мала група на деца, меѓу кои бев и јас, како да програмираат. На возраст од 14 години веќе програмирав во Basic. Ова беше посебно искуство и имаше огромно влијание врз мене. Тоа беше инспирација за првата дигитализирана програма во мојата држава. На крајот, јас сум заинтересиран за демократијата и за тоа научив од многуте предмети кои ги имав на моите студии по политичка филозофија на Универзитетот „Колумбија“. Ова беа влијанија додека бев во САД.
Подоцна кога се вратив во Европа, работев како „ладен – војник“. Јас бев аналитичар за Радио слободна Европа и подоцна раководев со нивната подружница во Естонија. Со оваа работа сретнав многу автори, кои беа дел од подземната расправа декади пред естониската независност. Па така, ние го водевме движењето за независност на Естонија. Тоа беше исто така формативно искуство за мене.

 

Тоа беше во раните 80-ти години кога се вративте во Европа преку Германија и започнавте со работа во Радио слободна Европа. Во 1996 година станавте министер за надворешни работи. Во тој период започна радикалната трансформација на државата. Естонија излезе од Советскиот Сојуз после падот на СССР. Значајно е тоа што водачите на државата успеале да ја препознаат оваа табула раса и не ја изгубиле можноста да направат нешто посебно. Љубопитен сум зошто Естонија? Што имаше посебно во таа средина?

Има повеќе причини. Јас бев првиот амбасадор на Естонија пред да станам министер за надворешни работи. На многу начини, имавме многу алтернативни патишта пред нас во раните 90-ти години. Ако погледнете во историјата на пост- комунистичките земју, таа изгледа како народот да ја има избрано секоја можна варијанта од строг авторитаризам до многу отворен либерализам, за кој ние се залагавме. Нашата влада се фокусираше на економски реформи, приватизација и либерализација на економијата. Ние создадовме валутен борд, кој ни овозможи конвертибилност на нашата валута во тоа време. Голем дел од дигиталниот напредок се случи со мојот влез во владата. Ја погледнав ситуацијата и се чинеше толку уназадена. Како референтна точка, во 1938 година, последната цела година пред Втората светска војна, Финска и Естонија имале ист БДП по глава на жител. Кога излеговме од Советскиот период во 1991 година ,Финска имаше БДП по глава на жител 13 пати поголем од БДП по глава на жител на Естонија. Потоа, го имавме овој директен контраст меѓу нив. Една од работите поврзани со тоа беше огромниот успех на технологијата во Финска, како што е Nokia.

Втора работа што ме турна напред беше Марк Андресен, во 1993 година кога на Универзитетот во Илиноис го создаде првиот веб прелистувач Мозаик. Бидејќи сум љубопитен за нови знаења, го купив. Сфатив дека во сите други области бевме назад, но кога станува збор за дигитализацијата, бевме на едно ниво на кое имаме простор за игра. Никој се уште немаше ставено нога на тоа поле .

Станав убеден дека мораме да извршиме радикална дигитализација на земјата. Првиот чекор беше програмата која беше спроведена во ’95, која требаше да ги стави сите естонски училишта онлајн. Тоа беше завршено до ’97 или ’98. Сите естонски училишта имаа компјутерски лаборатории кои подоцна беа отворени за јавноста после завршувањето на часовите за да ги поттикнат другите луѓе да ги користат. Тоа беше првиот голем чекор во дигитализацијата.

 
obamailvesМожете ли да зборувате за еволуцијата од тие први програми до изборот за претседател на Естонија во 2006 година? Бевте речиси една деценија на функцијата, во време кога имаше сајбер-војна со Русија, светската економска криза во 2008 година, меѓу другите значајни трансформации низ цела Европа и целиот свет. Можете ли да зборувате за напредокот околу дигиталните напори кои ги вложивте кога го започнавте вашето претседателство?

Еден од резултатите на овој потег кон дигитализацијата беше група на технолошки луѓе и некои луѓе од политиката кои долго и напорно размислуваа за дигитализацијата во доцните 90-ти. Во 2001 година го претставивме системот што го користиме. Овој систем продолжува да има две компоненти за кои сум убеден дека се од витално значење за дигиталната трансформација. Еден од нив е силен дигитален идентитет на интернет кој вклучува енкрипција или декодирање од почеток-до-крај и дво-факторна проверка. Другата е дистрибуирана архитектура. Ова е во контраст со централна база на податоци. Ние го имплементиравме овој систем во 2001 година и додека прифаќањето беше бавно на почетокот, тоа се забрза, како што стававме повеќе услуги на интернет.

Естонија е сега во моментот кога постојат само три интеракции што граѓаните или жителите мора да ги прават лично. Првата е да се венчаат. Втората е пренесување на имот, што станува се повеќе релевантен во земји како Велика Британија и САД. Ние не сакаме да дозволиме да се појават некои „школки“ компании и ова е загрижувачко што во голема мера произлегува од нашата географија. Конечно, мора да се појавите лично и за да се разведете во Естонија.

 
Видовите на промени што ги опишувате бараат соработка на владата, бизнисот и граѓаните. Меѓу овие три тела, кое бараше поголемо убедување за видовите на промени што ги опишавте?

Најконзервативна беше владата. Приватниот сектор веднаш го прифати ова поради огромните заштеди што произлегуваат од дигитализацијата. Всушност, училишната програма за дигитализација имаше поддршка од приватниот банкарски сектор. Почнавме заедничка иницијатива помеѓу владата, банките и невладиниот сектор во доцните 90-ти години , со цел да ги научиме постарите луѓе и руралните луѓе како да користат компјутери. Во тоа време, повеќето општини имаа инсталирано компјутерски лаборатории во градските сали. Целиот наш систем е јавно-приватно партнерство.

Процесот на автентикација е заеднички финансиран од владата и од конзорциум на банки. Банките сфатија дека нашиот систем дава огромни безбедносни предности во однос на речиси секоја земја што не го користи овој систем.

Приватниот сектор беше многу важен и така го имаше нашиот стартап екосистем. Од страна на јавноста, првично имаше некој скептицизам, но еден од клучните принципи во мојот притисок беше дека дигитализацијата мора да понуди некои работи што луѓето ги сакаат. На пример, пополнувањето на даноците за три до пет минути е нешто што луѓето го сакаат, бидејќи целиот процес е дигитализиран. Друг пример е дека речиси целата земја користи дигитални рецепти. Немате потреба да одите на лекар за рачно да ви напишат рецепти. Ова значи дека откако сте добиле почетен рецепт од лекар, ако некогаш ви треба обновување, само треба да му се јавите на вашиот лекар или да му пратите електронска пошта. Тој ќе го ажурира вашиот рецепт и може да одите во било која аптека во земјата и да го добиете лекот.
Тоа се само некои примери за клучни прашања што може да ги реши дигитализацијата на една земја. Дигитализацијата на една земја има многу помалку врска со технологијата, но многу зависи и е поврзана со политичката волја од страна на владата. Мора да ги препознаете политиките кои треба да се трансформираат во закон, бидејќи сето ова мора да биде заснована на цврста правна основа. На крајот на краиштата, најтешката работа во однос на потребното време е да се изготват регулаторни аспекти, така што ќе се задржите сите вообичаени граѓански услуги и ќе се почитуваат правата за приватност и сите останати човекови права. Ова се чини дека во голема мера се занемарува ако ги погледнеме актуелните настани во социјалните медиуми.

 
Joint Press Availability with the President of Estonia in Tallinn, Estonia.Еден од клучните аспекти во вакви процеси е општата доверба на населението во владата и вербата дека овие радикални трансформации што се одвиваат ќе бидат направени во најдобар интерес на граѓаните. Во многу земји, вклучително и САД, општата популација не и верува на владата и нејзината способност да ги искористи таквите промени кои ќе бидат добредојдени во Естонија. Каква улога има довербата помеѓу населението на Естонија и владата?

Мојата земја е прилично шизофренична од аспект на тоа што луѓето веруваат во дигиталниот систем, и тој систем е целосно неповрзан со политичкото раководство. Имавме администрации кои доаѓаа и си заминуваа и истите имаат различни политики, но во изминатите 15 години,сите ја промовираа дигитализацијата. Постои огромна доверба во самиот дигитален систем поради сите придобивки што ги дава на луѓето. Тоа е една област каде што Естонците се чувствуваат како едни од најдобрите во светот.

Имаме доверба во овој дигитален систем кој функционира без пречки од 2001 година и го прави животот многу полесен. Имало промена на премиери во текот на годините, како и промени во партиите на власт. Имате вообичаен популистички антагонизам кон оној што е на власт, но самиот систем е сосема одделен од тоа. Слично како во САД, има различни страни, но сите и веруваат на војската која постои за да ги заштити.
Во Естонија, ние веруваме во овој дигитален систем кој не се смета за политичка работа, туку се смета за добро дизајнирана форма на администрација. Тоа е одделено од тоа кој во моментов е премиер или претседател или кој е на власт.

 

Друга револуционерна идеја што ја поставивте беше идејата за е-жителство. Можете ли да зборувате за оваа програма што вие ја почнавте и за придобивките што се очекуваат од неа?

Ние препознаваме дека силно гарантиран дигитален идентитет е нешто што е потребно за иднината. Досега, општествата се управувани така што ќе ја покажете вашата возачка дозвола, лична карта или пасош за да го докажете вашиот идентитет. Сепак, нема ништо што ви овозможува да го докажете вашиот идентитет дигитално. Ова е нешто што ние веруваме дека на луѓето се повеќе ќе им треба.
Тоа е ригорозна програма каде што секој мора да биде проверен. Ние ги земаме вашите отпечатоци од прсти, вашата слика и ја истражуваме вашата позадина за да се осигураме дека немате криминална историја. Услугата што многу луѓе ја сакаат, особено после евентуалниот Брегзит, е да може да управува бизнис надвор од Европската унија. Различни луѓе се потпишаа поради различни причини, бидејќи сакаат да основаат бизнис во рамките на Европската унија.

На пример, постојат голем број на земји кои немаат PayPal бидејќи PayPal не мисли дека се доволно сигурни. Од друга страна, ако водите бизнис во земја која нема PayPal, која е главна форма на плаќање во светот, а вие правите меѓународен бизнис, веројатно сакате да бидете во Европската унија за да ги искористите предностите од тоа да имате бизниси основан таму и за кој ќе важат правилата на ЕУ и да не мора да плаќате царини.
Можете да запознаете луѓе од Индија или од Украина кои откако ќе поминат низ сите процедури, можат да основаат бизнис во Естонија. Сега, со Брегзит, малите и средните бизниси, исто така, го земаат ова во предвид, поради тоа што предностите да се биде во рамките на Европската унија се толку големи. Ако сте голема компанија, ќе можете да бидете присутни во Европската унија. Ако имате мал бизнис со околу 50 луѓе, сигурно нема да основате канцеларија во Европа, бидејќи не сте доволно големи.

 
Dmitry_Medvedev_in_Khanty-Mansiysk_28_June_2008-3Вие сте многу зафатени откако вашето претседателство заврши во октомври 2016 година. Знам дека поминувате многу време во различни институции и сте вклучени во бројни истражувачки проекти, но исто така многу работите и со различни влади во светот за да им помогнат да разберат како би можеле дел од она што го прави Естонија да го пресликаат во нивните земји. Каде го фокусиравте вашето внимание откако ја напуштивте функцијата на претседател?

Има две насоки. Едната е повеќе академска и е фокусирана на истражување и пишување и зборување за закани за демократијата кои и претстојат во дигиталната ера. Овие прашања се во вестите речиси две години. Во САД луѓето се фокусираа на тоа што Фејсбук и другите социјални мрежи овозможиле мешање и попречување на изборниот процес.
Овие проблеми и прашања не се помалку важни и во другите демократии. Можевме да согледаме ист вид манипулација со социјалните медиуми кои ги поттикнуваат луѓето или политичките страсти во Велика Британија, Германија, Франција, Италија и Шпанија неодамна. Ова е проблем со кој се соочуваат демократиите.

Другата насока на која се фокусирам е бидејќи светот се дигитализираат, голем број земји сфатија дека тие заостануваат. Кина напредува многу брзо. Исто така, постои голема побарувачка од земјите од Блискиот Исток, од Југоисточна Азија и од Латинска Америка за да слушнат за тоа како може да се спроведе успешна дигитализација.

На овој начин, многу земји во светот го гледаат моделот на Естонија како начин за брзо преминување во дигиталната ера. Се разбира, моделот на Естонија, која беше многу сиромашна и заостаната земја, а сега е успешна и најмалку корумпираната земја што доаѓа од комунизмот, во голема мера се должи на транспарентноста што ја дава дигитализацијата. Другите земји ја гледаат Естонија како модел кој треба да се следи.
Дел од тоа е помогнато од една голема студија што ја водев со поранешниот главен економист на Светската банка, Каушик Басу. Студијата, која се наоѓа во Годишниот извештај на Светската банка за 2016 година, се фокусира на тоа како да се дигитализира една земја. Во неа детално се разговара за прашањата со кои се соочуваат сите земји, како и решенијата што ги најде Естонија, кои се чини дека се меѓу најуспешните.

 

Дали постојат одредени фактори кои ги барате во земјите што ги прават поподготвени за дигиталните промени? Кои се некои од состојките што ги барате и кои се одлучувачки точки од вашата перспектива за тоа колку далеку или колку брзо овие промени може да се направат?

Се се сведува на политичката волја. Првиот фактор е дали се подготвени да поминат низ овој процес. Некои работи што мора да ги направите во почетокот не мора да бидат поддржани со одобрување од јавноста. Подоцна, кога ќе профункционира, луѓето ќе мислат дека е одлично. Станува збор за подготвеност да ги следат политиките потребни за да го подобрат функционирањето и некои земји го прават тоа. На пример, Уругвај е земја која порано ги презеде неопходните чекори, Панама и Латинска Америка го прават тоа, и Мексико го прави тоа.

Од друга страна, постојат земји каде што недостасува политичка волја или нема вистински дијалог помеѓу луѓето кои се одговорни за креирање политики и луѓето кои ја разбираат дигиталната технологија. Ако тој дијалог не постои, тогаш станува проблематично. Често, решението е едноставно да се купат некои работи. Но, можете да ја купите технологијата, но ако не ја направите архитектурата, дигиталниот систем нема да функционира на начин кој ќе понуди голем број на услуги за луѓето.

(Интервјуто е објавеново Forbes)

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×