Томас Клеин – Брокоф: Потребна е ренесанса на европскиот либерализам
Објавено на од во Интервју

Tomas Klein BrokofТомас Клеин – Брокоф
директор на Маршал Фонд, Берлин

Порастот на национализмот во Европа не треба да нè плаши, тоа е реалноста. Треба да ги натера либералните сили да ги погледнат в очи барањата и стравовите на граѓаните, да се соочат со нив и да понудат решенија, оти тие ко ги нудат националистите, не само што се застарени, туку честопати се и опасни, вели во интервју за Капитал, Томас Клеин – Брокоф, директор на Маршал Фонд, Берлин

Господине Клеин – Брокоф, Европа денес се соочува со многу предизвици, во политичка и во економска смисла. Имајќи ги на ум претстојните избори и битката на идеологии што ќе се случува, што очекувате од изборите?
Па видовме денеска всушност со г. Макрон и 28 те различни писма низ земјите членки, есеј што на некој начин е продолжување на говорот од Сорбона, како францускиот претседател се вклучува, во тоа што вие го нарекувате битка на идеи и јасно се позиционира себеси како антипод на популизмот низ Европа и продолжува да го поддржува сетот на реформи и идеи за коишто и претходно се залагаше.
Мислите дека тоа ќе биде и главната битка, помеѓу прогресивните сили коишто промовираат европски вредности и стандарди и популистите?
Да, тоа е главната линија на фронтот помеѓу нашите земји деновиве. Битка на идеи помеѓу традиционалната школа на европски интеграции и националистите коишто сфатија дека националните држави ја менуваат агендата на интеграција.
Се плашите ли од пораст на десницата и бројот на нивни освоени места во парламентот?
Јасно е дека ќе има таков раст. Прашањето е колкав ќе биде тој раст? Од една страна, тоа е и добро, бидејќи така Европа си добива претставници какви што сака во овие времиња…
Тоа си е сликата на реалноста…
Тоа е сликата на реалноста и добро е да имаме слика на реалноста, токму тоа е и демократијата. Нема идеја да се поттисне нешто. Сакам реалноста да излезе на површина и да се соочиме со неа. Европскиот Парламент е одлично место за нешто такво, затоа што носењето на одлуки и градењето на мнозинство ќе биде многу потешко, се разбира.
Но, колку опасно може ова да биде од аспект на европската иднина? Мислите ли дека резултатот од изборите на некој начин ќе го одреди патот што понатаму ќе го фати Унијата?Г. Макрон исто така се заложи за одреден тип на реконструкција на ЕУ?
Прво нам ни треба реконструкција на либерализмот, како сет на правила што ја вклучуваат демократијата и демократското гласање и волјата на мнозинството, но истовремено го штитат малцинството од владеењето на мнозинството. Тоа е либералната демократија. И токму овој принцип е нападнат и тоа нападнат е од внатре. Затоа ова го гледам како процес низ којшто европските земји, и не само европските земји, туку и САД, западната цивилизација ќе помине за да се поврзат одново со своите граѓани и да ги чујат критиките што доаѓаат од нив. Инаку да, некои од лековите што националистите ги нудат не ми изгледаат само застарени, туку и опасни.
Оваа година е политички многу интересна, не само поради изборите, туку и поради Брегзит. Како го цените влијанието на Брегзит врз изборите и врз иднината на ЕУ?
Брегзит, се разбира, не е убава слика. Прво идејата дека Британците си заминуваат. Сè уште лееме солзи дека си одат. Сè уште идејата дека Британците си заминуваат не е прифатлива за никој добар Европјанин.
Мислам дека и тие самите не може да си поверуваат дека навистина се случува ова…
И второто прашање е кои се последиците? Првата е што процесот е многу комплициран воден од британските власти и преговорите со ЕУ и не е воопшто привлечен за никого. Земјите ќе размислат два пати дали сакаат да ја напуштат ЕУ и ако сакаат ќе треба да имаат подобра идеја за тоа што сакаат да постигнат и како да го постигнат тоа. Тоа е првата последица. Втората се однесува на самата Британија и на економските последици што никој убаво не ги разгледал. И третиот сет на последици се однесуваат на самата Европска Унија што не се само економски туку и на нашите односи со Ирска и на целата идеја на отворен и слободен пазар и пристап на луѓето. Не се работи само дека една земја не’ напушта, туку дека таа земја нè напуштила со причина и мора да ја погледнеме таа причина. И овие идеи не се само кај Британците.
Дали ова може да предизвика слични процеси и во други земји?
За тоа зборуваше и г. Макрон, за ренесанса и одново раѓање кое ќе се согледа низ фактот дека можете просто да кажете дека сите луѓе во Полска или Унгарија или во мојата земја кои гласаат националисти и ќе ги игнорирате. Не можете да ги игнорирате ниту ним, ниту нивните критики од кои дел се со причина. Иако не можам да се претплатам на решенијата што националистите ги нудат, нормалниот европски политички центар ќе мора да адресира дел од забелешки во областа на безбедноста, сигурноста, миграцијата. Сето тоа мора да биде на агендата на Европа.
Пристапот за којшто се залагате изгледа навистина одговорно. Доаѓате од Берлин. Кога зборуваме за Германија, обично мислиме на земја стожер на ЕУ. Како ја гледате позицијата на Германија виза ви ЕУ?
За Германија позицијата на ЕУ е нужна. Унијата е дел од еден интегративен проект, поствоен процес на враќање на патот кон тоа да се биде почитувана земја. Затоа, интеграцијата, без разлика дали се однесува на ЕУ или на ООН или на НАТО, за Германија интеграцијата отсекогаш била главна цел во политиката. Би рекол дека Германија денес во Европа е ултимативна стаус кво сила. Не сака ревизија, не сака револуција, сака да се одржи системот и за тоа мора да се работи. Може да кажете дали тоа добро го одработи Германија во последните години или не, зависи од вашиот став, но како стратешка позиција Германија ќе остане клучна европска држава.
На крај ќе Ве прашам за Балканот. Оваа година имаме добри вести, за промена. Договорот за името помеѓу Грција и Северна Македонија. Како го оценувате овој Договор и како мислите дека овие настани ќе влијаат во ЕУ?
Имавме толку многу лоши вести во изминативе неколку години од различни подрачја на криза низ светот, па ако правите една анализа на закани, гледате повеќе закани отколку позитивни елементи. Решението на спорот за името секако е позитивен елемент. Јас гледам каков позитивен ефект може да има ова решение. Прво, се разбира тоа е фактот што сега патот за НАТО ви е јасен. Второ е прашањето што може ова решение да направи за регионот. Може ли да биде пример за другите?
Имаме отворени прашања сè уште…
Да, може ли да помогне овој Договор да се вратат на трака регионалните прашања. И трето е, дали овој Договор може да влијае врз европските интеграции. Би рекол, дека овие три аспекти се клучните позитивни аспекти на Договорот.
Ви благодарам за времето.
Ви благодарам.

Германија ќе остане клучна европска држава

За Германија позицијата на ЕУ е нужна. Унијата е дел од еден интегративен проект, поствоен процес на враќање на патот кон тоа да се биде почитувана земја. Затоа, интеграцијата, без разлика дали се однесува на ЕУ или на ООН или на НАТО, за Германија интеграцијата отсекогаш била главна цел во политиката. Би рекол дека Германија денес во Европа е ултимативна стаус кво сила. Не сака ревизија, не сака револуција, сака да се одржи системот и за тоа мора да се работи. Може да кажете дали тоа добро го одработи Германија во последните години или не, зависи од вашиот став, но како стратешка позиција Германија ќе остане клучна европска држава.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×