Топ 10 извозни пазари
Објавено на од во COVER STORY

cover web-1Каде извезува Македонија?

Дури 47% од целиот извоз на Македонија лани бил насочен кон Германија, покажуваа последните податоци на Државниот завод за статистика. Ако, пак, се анализира македонскиот извоз во Германија, дури 40% од целиот извоз се прави со пет производи, од кои сите се делови за автомобилска индустрија. 
Близу 80% од македонскиот извоз се прави во 10 земји, од кои освен Србија и Косово, сите се земји членки на Еропската унија.
Овие бројки можеби најсликовито ја покажуваат преголемата концентрација на македонскиот извоз, но и високото учество на извозот кој го прават странските компании кои користат огромни државни субвенции заради што нивните производи се далеку поевтини и поконкурентни од домашниот извоз.

 

Дури 47% од целиот извоз на Македонија лани бил насочен кон Германија, покажуваа последните податоци на Државниот завод за статистика. Ако, пак, се анализира македонскиот извоз во Германија, дури 40% од целиот извоз се прави со 5 производи, од кои сите се делови за автомобилска индустрија.
Близу 80% од македонскиот извоз се прави во 10 земји, од кои освен Србија и Косово, сите се земји членки на Еропската унија.
Овие бројки можеби најсликовито ја покажуваат преголемата концентрација на македонскиот извоз, но и високото учество на извозот кој го прават странските компании кои користат огромни државни субвенции заради што нивните производи се далеку поевтини и поконкурентни од домашниот извоз.

Уште еден заклучок кој се наметнува ако се анализира извозот на Македонија на 10-те најголеми извозни пазари е дека доминантни се полупроизводи и  суровини, односно доминираат автомобилските делови, руди и челичните полупроизводи, суровиот непреработен тутун, текстилните лон производи, наливно вино…Единствени готови производи меѓу најизвезуваните производи се автобусите, лековите и ајварот.
Капитал анализира кои се топ 10 извозни пазари на Македонија и што таму најмногу извезуваме.

Германија

Германија е најголемиот извозен пазар за Македонија каде се пласира близу 47% од целиот извоз. Минатата година извозот од Македонија во Германија надмина две милијарди евра и за една година е зголемен 13,3%.
Ако се анализира што најмногу извезуваме во Германија, тогаш најголем дел од извозот отпаѓа на автомобилските делови кои во Македонија ги произведуваат странските инвеститори кои отворија фабриките со слободните зони. Најголем е извозот на Џонсон Мети чии катализатори и прочистувачи за издувни гасови се користат во германската автомобилска индустрија, а чиј извоз лани достигна 1,2 милијарди евра, што е околу една третина од целиот извоз на Македонија во Германија. Трет најизвезуван производ се сетовите за спроводници за палење кои во Македонија ги произведува Дреклсмајер, чиј извоз во Германија лани достигна 195 милиони евра. Потоа следуваат иницијатори и забрзувачи на реакција чиј извоз во Германија лани достигна 161 милион евра. Петти најизвезуван производ од Македонија во Германија се седиштата кои во Штип ги произведува Џонсон Контролс.
Останатите поголеми извозни производи во Германија на листата најизвезувани се разни видови на текстилни производи, близу, кошули, поткошули, маици и гаќи, панталони, работна опрема, кои во најголем дел се произведуваат во Македонија во принципот на лон-производстсво, односно сите суровини се увезуваат од Германија, а кај нас се користи само евтината работна рака за тие да се сошијат.
Меѓу ретките домашни произведени производи кои успеваат да стигнат на германскиот пазар се одредени вина и замрзнати црвени пиперки.
Извозот во најсилната економија постојано бележи зголемување, благодарение на извозот на автомобилски делови кои се произведуваат од страна на странските инвеститори во слободните економски зони. Така

Бугарија

Втор најголем извозен партнер на Македонија според статистичките податоци за минатата годинава, е Бугарија. Но, на овој пазар се продаваат само 5,15% од македонските производи наменети за извоз. Лани извозот од Македонија во Бугарија изнесуваше 223 милиони евра, што е намалување за 8,6%. Ако се анализира што најмногу се извезува во Бугарија, тогаш во петте најизвезувани производи влегуваат само руди, суров тутун и челични цевки. Најголем е извозот на руди на бакари и концентрат од рудникот Бучим, кој лани надмина 45 милиони евра. Втор најизвезуван производ е оловната руда и концентрат од рудникот Саса, а трет најизвезуван производ од Македонија во Бугарија лани биле цинкова руда и концентрати. Следуваат суров тутун од тип Прилеп и поцинкувани челични цевки.
Со овие пет извозни ставки лани се направил 52% од целиот извоз од Македонија во Бугарија.
Извозот во Бугарија постојано бележи пад во изминативе години. Така за период од три години македонскиот извоз во Бугарија е намален за 24%

cover web-21Србија

Трет најголем извозен пазар за Македонија е соседна Србија, каде се извезува 4,5% од целиот македонски извоз. Лани во Србија се извезени производи во вредност од 194 милиони евра, што е годишен раст за 4,9%.
Најизвезувана извозна ставка во Србија лани се лекови во вредност од 12 милиони евра, кои во најголем дел отпаѓаат на извозот на лекови од Алкалоид. Втор најизвезуван производ се  плоснати валани производи пресвлечени со пластична маса со извоз од над 10 милиони евра, а трет најголем извоз е направен со челични цевки во вредност од 8,7 милиони евра. Меѓу петте најизвезувани производи во Србија лани се наоѓаат и маслото од сончоглед со извоз вреден 8 милиони евра и електричната енергија со извоз вреден 5,5 милиони евра.Со овие пет производи лани е направен 23,2% од целиот извоз во Србија.
Од домашно произведените производи лани во Србија сме извезувале и свежо грозје, свежи домати, кондиторски производи.
Извозот во Србија во изминативе години бележи постојан пад. Така во споредба со 2013 година извозот кај северниот сосед ни е намален за над 20%.

Косово

Четврт најголем извозен пазар за Македонија лани бил косовскиот пазар, каде оди 4,36% од македонскиот извоз. Во Косово лани сме извезле производи во вредност од околу 189 милиони евра, што е годишен раст од 11,6%.
Најизвезуван производ на Косово лани биле горивата на Окта со извоз вреден 16,6 милиони евра. Втор најизвезуван производ со извоз од 9,2 милиони евра, лани е направен со цементот на Цементарница Усје. Трета најголема извозна ставка со вредност од 7 милиони евра се плоснати валани производ обложени со пластична маса, следуваат лековите и прачки од железо.
Косово иако ни е соседен пазар, Македонија полека го губи овој пазар. На пример во 2013 година извозот од Македонија во Косово изнесувал над 277 милиони евра, што е пад за над 25 % за само три години.

Белгија

Годинава во листата 10 најголеми извозни пазари се најде и Белгија, каде лани се продале 3,95%  од целиот извоз. Лани во Белгија сме извезле производи во вредност од 170 милиони евра, што е годишен раст од 32,4%. Најизвезуван производ во Белгија лани биле автобусите кои белгиски Ван Хол ги произведува во економската слободна зона Бунарџик во вредност од 125 милиони евра. Следните три најголеми извозни ставки во Белгија се тутун од типот Прилеп и Јака во вкупна вредност од 21 милион евра. Петта најизвезувана ставка во Белгија лани биле тапацирани седишта во вредност 1,8 милион евра.
Со овие пет извозни ставки лани е направен дури 87% од целиот извоз во Белгија. Меѓу другите производи кои лани се извезувале во Белгија се руди на феросилициум и феро никел, текстилни производи, замрзнати пиперки.

Италија

Италија е шести по големина извозен пазар за македонските производи, на кој лани се извезле 3,66% од целиот извоз. Минатата година вкупниот извоз во Италија достигна 158 милиони евра, и за една година е намален за 3,1%. Најголема извозна ставка во Италија лани биле печки за загревање во вредност од 12,4 милиони евра. Меѓу петте најголеми извозни ставки две се делови за чевли кои се извезуваат во Италија, а две се руди на феросилициум и феро-никел. Со овие пет извозни производи лани се направил 32,5% од целиот извоз во Италија.

Грција

Грција е седми по големина извозен пазар на кој лани биле извезени3,41% од целиот македонски извоз. Лани во Грција биле извезени 147 милиони евра, што е пад 1,1%. Грчкиот извоз веќе паѓа неколку години по ред, а во последните три години е намален за 30%.
Лани во Грција наизвезуван производ во Грција бил суровиот тутун од тип Прилеп со извоз вреден 21,6 милиони евра. Понатаму следат женските памучни блузи и кошули кои се шијат во неколкуте текстилни фабрики кои грчки фирми ги имаат отворено во Македонија, железни прачки и цевки, и мермерот кој се вади од Мемерниот комбинат Прилеп, кој има грчки сопственици.

Со овие пет извозни ставки се прави 40% од целиот извоз на Македонија во Грција.

Романија

Романија е осми по големина извозен пазар на Македонија, каде лани се извезле 2,81% од вкупниот извоз.Лани во Романија се извезени производи во вредност од 122 милиони евра, што е зголемување за 25%. Најголем дел од извозот, но и неговото зголемување во Романија се должи на зголемениот извоз на автомобилски делови кои се произведуваат во Македонија од страна на странските инвеститори, а потоа се склопуваат во други автомобилски фабрики за познати брендови во Романија. Од петте најизвезувани ставки во Романија, дури четири се автомобилски делови. Така лани најголем извозен производ во Романија биле спроводници за автомобили во вредност од 34,5 милиони евра.  Со овие четири производи се прави дури 64% од целиот извоз на Македонија во Романија.

Шпанија

Шпанија е деветти најголем извозен пазар на Македонија на кој лани сме извелзе производи во вредност 106 милиони евра, што е 2,45% од целиот македонски извоз направен минатата година. Извозот во Шпанија минатата 2016 година е зголемување за 16,2%. Ако се погледне извозот во Шпанија повторно на врвот се автомобилските делови, кои се произведуваат во македонските слободни делови, а кои потоа се извезуваат и склопуваат во некои од фабриките на познатите автомобилски брендови во Шпанија.
Најизвезуван производ минатата година во Шпанија биле спроводниците кои ги произведува германскиот Дрекслмајер со извоз вреден близу 75 милиони евра. Втор најизвезуван производ е феро-никелот, следат топловаланите челични производи и акумулатори за моторни возила.

Со овие пет производи се прави дури 93% од целиот извоз од Македонија кон Шпанија, а во останатите извозни ставки доминираат железни цевки, прачки и лимови, и некои видови на текстилни производи.

Хрватска

Десетти најголем извозен пазар за Македонија минатата година била Хрватска. Во Хрватска лани се извезле производи во вредност од 80 милиони евра, што е 1,86% од целиот извоз на Македонија. Извозот во Хрватска лани се зголемил за 11,9%.

Најизвезувана извозна ставка од Македонија во Хрватска се профили и талпи од железо кои традиционално се користат во индустријата за изградба на бродови.
Втора најизвезувана ставка се лековите кои ги извезува фармацевтската компанија Алкалоид. Следуваат извозот на наливно вино, заварени цевки, а во петте најизвезувани ставки е и ајварот.

Со овие пет извозни ставки лани бил направен околу 20% од целиот извоз од Македонија во Хрватска.

cover web-2

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×