Топ 10 сајтови за пронаоѓање фриленс работа
Објавено на од во Компании

Се повеќе на пазарот на труд се бараат фриленсери, но последните години се повеќе има и работници кои сакаат да работат хонорарно, кои ја напуштаат постојаната работа во потрага по поголема заработка.

Ако и вие планирате во 2016 година да бидете фриленсер, треба да ги знаете некои од најголемите „играчи“ на пазарот.

Само за потсетување во САД 34% од работната сила ја прават токму фриленсерите, а овој тренд почнува да се пресликува веќе и во Европа.

Сајтот Inc.com ги дава 10-те сајтови на кои можете да најдете работа како фриленсер.

Toptal

Ова е еден од најпознатите и најкористените сајтови во моментот. Toptal ги поврзува клиентите со мрежа од фриленсери и дизајнери од 90 земји од целиот свет. Овој сервис е направен само за техничките проекти. Се бараат луѓе кои зборуваат англиски јазик и имаат технички вештини. Интересно, Toptal е компанија која нема канцеларија никаде во светот.

Upwork

Upwork е гигант и најголема мрежа во фриленс индустријата. Поседува уште два сајта за пронаоѓање фриленс работа – oDesk и Elance, и заедно со нив има околу 9 милиони фриленсери и мрежа од 1.5 милиони клиенти. Процесот на бирање кандидати не се прави преку сајтот, туку им се остава на работодавачите тие сами да ги исконтактираат фриленсерите кои  бараат работа.

99Designs

Овој сајт е само за дизајнери, но познат е и меѓу сите други фриленсери. Политиката на сајтот е таква што клиентите односно работодавачите оставаат краток преглед на проектот, а потоа дизајнерите на основа на тоа се пријавуваат. Работодавачите ја бираат најдобрата опција, а дизајнерот победник добива пари. Дизајнерот подоцна може да ја продолжи соработката со клиентот. Овој сајт има околу милион дизајнери во својата мрежа и прави преку 100 милиони долари трансакција помеѓу работодавачите и дизајнерите.

FlexJobs

Фриленсерите и плаќаат на оваа пларформа, а FlexJobs за возврат им дава листа на работни места кои во моментот се слободни. Фриленсерите може да аплицираат преку контактот кој им го дава овој сајт. Овој сајт исто така им овозможува тестирање на вештините, совет за пребарување работа итн.

Guru

Од 2001 кога овој сајт е лансиран, Guru обезбеди милион работни места и прима околу 200 милиони долари. Guru сега има околу 1.5 милиони фриленсери на оваа платформа. Работодавачите може да ги гледаат портфолијата на фриленсерите каде се наведени нивните поранешни плати и оценки од поранешните клиенти како и за вештините и искуството.

Crowded

Компанијата е основана оваа година, а платформата веќе има околу 11.000 фриленсери и околу 400 партнери. Сајтот обезбедува информации за фриленсерите по барање – како на пример како да најдат можност за вработување. Не бидете изненадени ако овој сајт стане многу поголем во 2016 година на основа на досегашниот раст.

Freelancer

Freelancer има околу 17 милиони регистрирани корисници, но не се сите активни. Овој сајт редовно организира натпревари во кои работодавачите оставаат проекти со парична награда, а фриленсерите учествуваат на тој натпревар. Овој сајт сепак не е за почетници, оти има изразен натпреварувачки дух.

PeoplePerHour

Овој сајт е за сите кои поседуваат било какви вештини поврзани со веб проекти, вкучувајќи и веб девелопери, дизајнери и SEO експерти. Со цел да се олесни целиот процес на вработување, овој сајт нуди алатка „WorkStream“ каде се прави целата комуникација и плаќање.

Simply Hired

Simply Hired не е фокусиран само на фриленс работа, туку нуди и околу 6 милиони различни работни места, од 700 илјади работодавачи во 24 земји. Исто така, овој сајт има околу 30 милиони посетители.

Behance

Овој сајт е одличен за дизајнери, но не само за нив. Работодавачите може да ги погледнат проектите на дизајнерите, но и како другите реагираат на нивните проекти. Клиентите плаќаат одредена сума со цел да објават работно место, но за сметка на тоа добиваат препораки за тоа кој да го вработат. Оваа мрежа има 5 милиони креативци.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×