ТОП 100 најголеми тендери во 2016 година
Објавено на од во Бизнис и политика

TOP tenderi 905 WEBЗа најголемите 100 јавни набавки потрошени 378 милиони евра

Вкупно 378 милиони евра се потрошени лани преку 100-те најголеми договори за јавни набавки изнесуваат, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации. Според ова истражување, во 2015 година, пак, најголемите 100 тендери биле склучени во вредност од 226 милиони евра.  Најголем вредносен удел во ТОП 100 тендери за 2016 година има АД Македонски енергетски ресурси Скопје со 87 милиони евра, а меѓу компаниите на врвот е Гранит АД Скопје со удел во ТОП 100 тендери од 54 милиони евра

Вкупно 378 милиони евра се потрошени лани преку 100-те најголеми договори за јавни набавки изнесуваат, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации. Според ова истражување, во 2015 година, пак, најголемите 100 тендери биле склучени во вредност од 226 милиони евра.

На врвот на оваа листа за 2016 година е тендерот за изградба на гасоводната делница Неготино – Кавадарци – Битола во вредност од 36,4 милиони евра, а 2015 година најголем бил тендерот за изградба на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство и подземните гаражи и партерното уредување при Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје во вредност од 12,8 милиони евра.

TOP tenderi 905 WEB 01

Најголем вредносен удел во ТОП 100 тендери за 2016 година има АД Македонски енергетски ресурси Скопје со 87 милиони евра, а за 2015 година имало Министерство за здравство со 48 милиони евра.

Меѓу компаниите на врвот се Гранит АД Скопје со удел во ТОП 100 тендери за 2016 година од 54 милиони евра, а Бетон Штип со удел од околу 20 милиони евра во 2015 година е на врвот на најголемите 100 тендери.

Меѓу државните институции коишто ги склучиле најголемите 100 договори за јавни набавки 2016 година спаѓаат: АД Македонски енергетски ресурси Скопје, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерство за образование и наука, Народна банка на Република Македонија, ЈП за државни патишта, АД Електрани на Македонија, ЈЗУ Институт за белодробни заболувања и туберкулоза, Јавно сообраќајно претпријатие – СКОПЈЕ, Управа за заштита на културното наследство и Министерство за здравство.

АД Македонски енергетски ресурси Скопје го обезбеди првото место за 2016 година со склучените четири договори за јавни набавки за изградба на три делници од гасоводниот систем (Неготино – Кавадарци – Битола; Скопје – Тетово – Гостивар и Блок станица 5) и за надзор на нивната изградба. На второ место е Министерство за здравство со три договори за јавни набавки во вкупна вредност од 48 милиони евра, а наменети за реконструкција на ЈЗУ Градска општа болница-Струмица, потоа за санација, реконструкција и доградба на ЈЗУ Универзитетска Клиника за хируршки болести Св. Наум Охридски – Скопје и за набавка на лекови за ретки болести. На трето место е Министерство за образование и наука со седум тендери во топ 100, во вкупна вредност од 44 милиони евра и тоа за изработка на техничка документација за изградба на училишни објекти и спортски сали, за откупи на учебници за основно и средно образование и за изградба и санација на студентски домови.

Гледано од аспект на носителите на набавките, во групата со најголемо учество во вредност на најголемите 100 тендери во 2016 година се компаниите: Гранит – Скопје, Рапид Билд – Куманово, Македонија АД Скопје, Силекс Неметали СТ Кратово, Бетон Скопје, АК  -Инвест – Тетово, Алов АД – Гевгелија, Пуцко Петрол – Пласница, Вардарградба – Скопје и Елбијор – Скопје.

Градежната компанија Гранит АД – Скопје има склучено 6 договори од ТОП 100 2016 година во вкупна вредност од речиси 54 милиони евра од кои четири со ЈП за државни патишта за санација и рехабилитација на патишта и мостови, со Општина Битола за изградба на северна трибина на локалниот фудбалски стадион и еден со АД Македонски енергетски ресурси за гасоводна делница.

На второ место е Рапид Билд –  Куманово  која има само два тендера од најголемата 100-ка, но финансиски големи и се однесуваат на изградба на гасоводната мрежа и вкупно изнесуваат 47,6 милиони евра.

На трето место е Градежен институт Македонија АД – Скопје со пет тендери во вкупна вредност од 32 милиони евра.

Истражувањето е направено преку прибирање и обработка на податоците за склучените договори за јавни набавки во 2015 до 2016 година, објавени на Електронскиот систем на јавни набавки и нивна селекција според критериумот за вредноста на поединечните договори за јавни набавки.

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×