ТОП 50 најголеми работодавци во Македонија
Објавено на од во Економија

interior view of a steel factoryВо 50-те компании најголеми работодавци во Македонија на крајот на 2017 година работеле вкупно 63.471 или 8,5% од вкупниот број на вработени во земјава.
Меѓу нив се фабрики кои странските фабрики ги отворија во слободните економски зони, државни компании и јавни претпријатија, компании кои имаат монополска позиција на пазарот, градежни компании…
Најбројни на листата се компаниите во државна сопственост. Меѓу 50-те најголемите работодавци се наоѓаат дури 10 јавни претпријатија и компании во државна сопственост во кои има вкупно 17.500 вработени.
Ако се изземат државните компании кои се најбројни, најголеми вработувачи се странските инвестиции кои отворија фабрики во зоните. На листата 50 најголеми работодавци има осум компании во кои на крајот на 2017 година имало близу 19 илјади вработени.

 

Мал бројот на фирми во Македонија кои можат да се наречат големи работодавци. Статистиката покажува дека само 236 компании од вкупно 71.490 фирми имаат повеќе од 250 вработени, што е само поразителни 0,3% од вкупниот број на фирми. Уште попоразителен е фактот што само 23 фирми во Македонија имаат повеќе од 1.000 вработени.

Најбројни на листата се компаниите во државна сопственост. Меѓу 50-те најголемите работодавци се наоѓаат дури 10 јавни претпријатија и компании во државна сопственост во кои има вкупно 17.500 вработени.
Ако се изземат државните компании кои се најбројни, најголеми вработувачи се странските инвестиции кои отворија фабрики во зоните. На листата 50 најголеми работадавци има осум компании во кои на крајот на 2017 година имало близу 19 илјади вработени.

Фабриката за кабли Дрекслмајер веќе трета година по ред е најголем работодавач во Македонија, каде на крајот на 2017 година биле вработени 6.381 лице. За да се добие подобра претстава колку е голема оваа бројка доволно говори и фактот дека бројот на вработени во Дрекслмајер е поголем од бројот на жители во осум градови во Македонија. На пример помалку жители од бројот на вработените во Дрекслмаjер има во Валандово каде живеат 4.400 жители, Крушево кое има 5.330 жители или  Македонска каменица со 5.147 жители.

Вкупниот број на вработени во Македонија достигна 760 илјади лица. Од нив најголем дел или 394 илјади лица се вработени во секторот услуги, 239.394 лица се вработени во индустријата, а 120 илјади лица се вработени во земјоделството.
Гледано по индустрии најголем вработувач е преработувачката индустрија каде на крајот на 2017 година биле вработени 143.253 лица, следат земјоделството со 120 илјади вработени, трговијата каде има близу 109 илјади вработени и градежништвото со близу 53.400 вработени.

Едицијата ТОП 200 најголеми и најуспешни компании во Македонија, која ја објави магазинот Капитал во ноември минатата година покажа дека во 200-те најголеми компании на крајот на 2017 година работеле вкупно 90.203 луѓе, а бројот на вработени во 200-те најголеми за една година се зголемил за 8.132.

rek bitola 2

Државната компанија ЕЛЕМ е втор најголем работодавач со 4.847 вработени.

Кој најмногу вработува?

Во овој број ги анализираме 50-те најголеми работодавци во Македонија, каде на крајот на 2017 година работеа вкупно 63.471 или 8,5% од вкупниот број на вработени во земјава. Лани кај31 компанија од листата на 50 најголеми работодавци имало зголемување на бројот на вработени и тие вкупно во текот на целата 2017 година отвориле 7.800 работни места. Кај 18 компании од листата 50 најголеми работодавци лани имало намалување на бројот на вработени од вкупно 700 лица.
Меѓу нив се фабрики кои странските фабрики ги отворија во слободните економски зони, државни компании и јавни претпријатија, компании кои имаат монополска позиција на пазарот, градежни компании…
Но, најбројни на листата се компаниите во државна сопственост. Меѓу 50-те најголемите работодавци се наоѓаат дури седум јавни претпријатија и три компании во државна сопственост во кои има вкупно 17.500 вработени.
Ако се изземат државните компании кои се најбројни, најголеми вработувачи се странските инвестиции кои отворија фабрики во зоните. На листата 50 најголеми работодавци има осум компании во кои на крајот на 2017 година имало близу 19 илјади вработени.Од нив најголемиот дел се германски компании од индустријата за автомобилски делови. Неодамна објавените податоци покажуваат дека во Македонија работат 200 компании со германски капитал во кој се вработени околу 20 илјади лица.

Фабриката за автомобилски кабли Дрекслмајер веќе трета година по ред е најголем работодавач во Македонија, каде на крајот на 2017 година биле вработени 6.381 лице. Германската компанија со фабрика во Кавадарци во 2017 година отворила 922 работни места. Станува збор за странска инвестиција која ја отвори фабриката во Македонија во 2013 година и која благодарение на поволностите кои ги нуди македонската влада за вработување секоја година вработува најмногу работници, најмногу од Кавадарци, и околните Неготино, Велес и Прилеп.

Втор најголем работодавач е државната ЕЛЕМ, која на крајот на 2017 година имала 4.820 вработени.

Трет најголем работодавач годинава е Кромберг & Шуберт со 4.326 вработени, чиј број во текот на 2017 година е најмногу зголемен за дури 1.534 лица. Но, според последните информации од Кромберг и Шуберт во нивната фабрика во зоната Жабени веќе работат над 6.200 вработени, со што оваа фабрика станува дефакто втор најголем работодавач.

На листата најголеми вработувачи се наоѓаат и компании кои работат со огромни загуби, но очигледно тоа не им е пречка да продолжат од година во година да го зголемуваат бројот на вработени.
Една од нив е и Македонска пошта, која според бројот на вработени е четврт најголем работодавач во Македонија со 2.265 вработени на крајот на 2017 година, чиј број за една година се зголемил за 28. Инаку, 2017 година според податоците од Централниот регистар Македонска пошта ја завршила со загуба од 3 милиони евра, што е шеста најголема загуба меѓу 200 –те најголеми компании.

drekslmajer 1

Фабриката за автомобилски кабли Дрекслмајер веќе трета година по ред е најголем работодавач во Македонија, каде на крајот на 2017 година биле вработени 6.381 лице.

Петти најголем работавач е јавното претпријатие Македонски шуми каде на крајот на 2017 година имало 2.200 вработени. Се уште се свежи сеќавањата од пред околу пет години кога беше организирана своевидна лотарија преку која компјутерски се избраа 1.600 лица од социјално ранливите групи за вработување во ЈП Македонски шуми, а за што беа пријавени над 20 илјади лица.
Среќните добитници кои се извлекуваа во присуство на министерот за финансии Зоран Ставрески, министерот за администрација Иво Ивановски и директорот на Македонски шуми добија вработување во јавното претпријатие Македонски шуми, со појаснување дека по обуката ќе бидат прераспределени во други државни институции согласно квалификациите.
Следи градежната компанија Гранит, која со 2080 вработени е шести најголем работодавач во Македонија, каде само во текот на 2017 година бројот на вработени е зголемен за 70.

Седми најголем вработувач е компанијата Адиент Ситинг во Штип во која се шијат навлаки за седишта за автомобили, каде на крајот на 2017 година имало 1.965 лица, чиј број за една година бил зголемен за 219.
Следи нафтениот дистрибутер Макпетрол кој со 1.700 вработени е осми најголем вработувач во земјава.
Следи ЕВН Дистрибуција со 1.694 вработени, а десетти најголем вработувач е ЈСП Скопје со 1.410 вработени.

TOP 50 rabotodavci

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×