Трајан Ангелоски: Бизнисот ја плати најголемата цена заради политичката криза!
Објавено на од во Компании

Трајан Ангелоски, заменик генерален директор, Ариље метал

Бизнисот ја плати најголемата цена заради политичката криза!

Trajan Angeloski

 

 

 

 

 

 

 

 

-Каква година очекувате да биде 2017 на економски план, со оглед на политичката неизвесност во земјата и со оглед на фактот што следната година ќе има уште едни избори?

Воопшто не ни се допаѓа актуелната ситуација, сите се фокусирани на политика, а никој на бизнисот. Бизнисот ја плаќа најголемата цена во вакви околности, инвестициите и растот се забавени и намалени, и веројатно воопшто и не се чувствуваат. Меѓутоа, ние што се занимаваме со бизнис или ќе бидеме непоправливи оптимисти или нема место за нас во оваа работа!

-Кои се најголемите ризици и предизвици, а каде ги гледате потенцијалите за раст на вашата компанија идната 2017 година?

 На домашниот пазар очигледно дека ќе биде многу лошо ако вака продолжи политичката криза и ние мораме да одиме на други пазари, во регионот, Европа, итн. Меѓутоа, тоа премостување не е баш така лесно и брзо, и за да може да го направиме ќе мора да работиме 150% за оствариме 100% од минатата година.

 -Кои се процените за работењето на вашата компанија? Дали планирате  зголемување или намалување на продажбите, извозот, вработувањата, инвестициите…?

 Ние сме како спортистите – кога ќе почне натпреварот мора да одиме на победа, но дали навистина ќе ја оствариме не зависи само од нас, има и други фактори што влијаат на крајниот резултат. Ние мора да бидеме во топ форма, тоа е нашата домашна работа, а резултатот е секогаш неизвесен до последниот момент. Инаку, планираме зголемување и на продажбата, извозот, вработувањата, како и нови инвестиции.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×