Трамп денеска ќе го потпише документот за царини за увоз на челик и алуминиум
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Aмериканскиот претседател Доналд Трамп денеска ќе го потпише документот за воведување царини за увоз на челик и алуминиум.

Мексико, Канада и други држави можно е да бидат ослободени од царините, најавија од Белата куќа.

Трамп во петокот објави план според кој неделава воведува царина од 25% на челикот, а од 10% на алуминиумот, но не кажа на кои земји царината ќе се однесува.

„Исклучоци ќе бидат правени „од случај до случај“ и „од држава до држава“, најави Сара Сандерс, портпарол на Белата куќа, што е различно во однос на ставот на Белата куќа од пред неколку дена, кога беше речено дека никој нема да биде изземен од планот на Трамп.

Потпишувањето е планирано околу 15:30 по локално време во Вашингтон.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×