Трамп денеска ќе се сретне со Лавров во Белата куќа
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска во Белата куќа ќе го прими шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, што ќе биде прв состанок на највисоко ниво со руски официјален претставник од кога Трамп ја презема функцијата.

Лавров, кој првпат официјално патува во САД во последниве четири години, првично требаше да се сретне само со американскиот колега Рекс Тилерсон, и да разговара за ситуацијата во Сирија, како и за Украина, и воопшто за билатералните односи.

Во пресрет на посетата на Лавров на Белата куќа, актуелна е смената од страна на Трамп на директорот на Федералното истражно биро (ФБИ), Џејмс Коми, кој беше задолжен за истрага за можните врски меѓу изборниот тим на Трамп и Русија.

„ФБИ е една од најценетите институции во нашата земја, но денеска ќе ја одбележи заминувањето на еден член“, изјави Трамп додавајќи дека веднаш почнува барањето нов директор.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×