Трамп до ЕУ: Ќе се откажеме од нашите царини, ако вие се откажете од вашите за производи од САД
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека ќе ја поштеди Европската унија од царините на челик и на алуминиум, ако Унијата се откаже од бариерите што ги поставува пред американските производи.

Воведените од Трамп царини на увоз на челик од 25% и на алуминиум од 10%, ги оспоруваат европските и другите трговски партнери на САД, како Јапонија.

„ЕУ, прекрасни држави, кои се однесуваат лошо со САД во трговијата, се жалат од царините на челикот и на алуминиумот. Ако тие се откажат од страшните пречки и царини врз американската стока, ние ќе се откажеме од нашите. Ако не, ќе воведеме царини за возилата и т.н. Праведно!“, напиша Трамп на Твитер.

Претходно Европејците ја изразија својата разочараност пред постојаниот трговски претставник на САД, Роберт Лајтхајзер, кој беше во Брисел на одамна планирана средба со европскиот комесар за трговија, Сесилија Малмстром, и со јапонскиот министер за економија, Хирошиге Секо. ЕУ, како и Јапонија, сака да биде ослободена од американските царини.

„Дискусијата беше отворена, но не доби јасност процедурата за ослободување и следната седмица разговорите ќе продолжат“, изјави Малмстром.

Новата мерка на Трамп, како што е познато, нема да важи за Канада и за Мексико.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×