Трамп го потпиша декретот за увозни царини на алуминиум и челик
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа потпиша декрет за воведување царини за увоз од 25% за челик и од 10% за алуминиум. Мерката ќе влезе во сила за 15 дена, а нема да важи за Канада и за Мексико.

На прес-конференцијата при потпишувањето на документот, Трамп, ги оцени досегашните услови за увоз на челик и на алуминиум во САД, како „напад против нашата држава“. Според неговите зборови, домашното производство е прашање на национална безбедност.

„Ако не сакате да плаќате царини, донесете си ги фабриките во САД“, порача Трамп.

Според првичните информации од администрацијата на Белата куќа, и други држави ќе можат да кандидираат за исклучување од мерката (како Канада и Мексико), односно да не плаќаат ваква царина, но уште не се знае на каков начин ќе се прави тоа.

При потпишувањето, Трамп изјави дека предлага олеснувања за државите кои се „фер во трговијата“ со САД. Ројтерс забележува дека овој гест има за цел да ги притисне Канада и Мексико да направат отстапки во преговорите за Северноамериканскиот договор за слободна трговија (NAFTA), што се подзамрени.

Трамп побара отстапки и од државите во Европската унија, обвинувајќи дека се однесуваат нефер кон американските автомобили, и се закани дека може да ги зголеми царините за возила од Европа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×