Трамп го смени Тилерсон – нов државен секретар е шефот на ЦИА, Помпео
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го отпушти од функцијата државниот секретар Рекс Тилерсон и на негово место го назначи шефот на ЦИА, Мајк Помпео. Заменик-директорката на ЦИА, Џина Хаспел, ќе дојде на местото на Помпео.

Додека Тилерсон беше на функцијата, Стејт департментот скрати голем број од своите дејности, а медиумите пишуваа дека досегашниот државен секретар бил исклучително незадоволен од претседателот.

Смената доаѓа недела откако Белата куќа објави дека Трамп ќе се сретне со лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, во мај, а за оваа објава Стејт департментот не беше подготвен, и Тилерсон искоментира дека нема официјална потврда за средбата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×