Трамп: Голема чест е да се добие комплимент од Путин
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Претендентот за кандидатура од републиканците за претседателските избори во САД, Доналд Трамп, е почестен од комплиментите што вчера му ги упати претседателот на Русија, Владимир Путин.

„Секогаш е голема чест да се добие убав комплимент од човек кој е исклучително почитуван и во својата земја и во странство“, изјави Трамп на митинг во Охајо.

Тој рече дека секогаш верувал оти Русија и САД треба заедно да се борат против тероризмот и да влијаат на враќањето на мирот во светот, „а да не ги споменувам трговијата и сите други бенефити што произлегуваат од меѓусебното почитување“.

Путин вчера, на годишната конференција за новинари, зборуваше за претстојните избори во САД, и го нарече Доналд Трамп „бистар човек, полн со таленти, кој е неспорен фаворит во претседателската трка“.

„Трамп сака односите со Русија да ги префрли на друго, подлабоко ниво. Како може тоа да не го поздравите? Секако, ние тоа го поздравуваме“, рече Путин.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×