Трамп и Ердоган взаемно се пофалија и ги избегнаа непријатните теми
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Лидерите на Турција и на САД, Реџеп Таип Ердоган и Доналд Трамп, взаемно се пофалија и ги избегнаа непријатните теми од билатералните односи на вчерашната средба.

Посетата на Ердоган на Вашингтон се случи денови откако САД објавија дека ќе ги вооружат сириските Курди во рамки на борбата со Исламската држава. Анкара ги смета курдските Сили за народна заштита како опасност за својот суверенитет, сметајќи ги за поврзани со Курдската работничка партија (ПКК), која се бори за независност на југоисточните региони на Турција, а и Европската унија и САД ја сметаат за терористичка групација.

Но, САД ги разграничува двете организации и ги сметаат сириските Курди за важен сојузник.

Повод за раздор меѓу Вашингтон и Анкара е и барањето на Турција духовникот Фетула Ѓулен, кој живее во Пенсилванија, да биде екстрадиран, како човек, кој според Ердоган, стои зад неуспешниот обид за преврат.

Овие две прашања не беа јавно засегнати за време на средбата на лидерите на Турција и на САД, туку на неа доминираше тонот прифатен од победата на Трамп наваму.

Тогаш Ердоган беше еден од првите лидери што го поздрави изборот на Трамп за претседател на САД. Трамп му врати пофалувајќи го турскиот колега пред западните државници за победата на референдумот во април, кога власта во Турција беше сконцентрирана кај Ердоган.

Вчера Трамп го нарече Ердоган „близок сојузник во борбата со тероризмот“ и не ги спомена масовните чистки преземени во Турција по обидот за пуч.

„Имаме прекрасни односи и ќе ги направиме уште подобри“, изјави Трамп.

Аналитичарите во САД оценија дека двајцата лидери имале потреба да манифестираат „розево светло“ на средбата, зашто и двајцата имаат внатрешни проблеми – Трамп поради серијата гафови и скандали, а Ердоган поради засилувањето на опозицијата во Турција.

Се смета дека Анкара дури и може да го прифати вооружувањето на сириските Курди, ако САД гарантираат дека оружјето нема да биде употребувано против Турција и оти бастионот на ИД, Рака, нема да падне во курдски раце.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×