Трамп и Клинтон победници и по вчерашното гласање
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Наспроти силната антикампања на противниците на Доналд Трамп, тој ја зголеми својата предност во натпреварот за делегати со нова победа и на прелиминарните избори на републиканците во државата Мичиген, откако претходно победи и во Мисисипи.

Трамп ќе добие најмалку 21 делегати во Мичиген, и барем 20 во Мисисипи. Тед Круз во Мичиген освои најмалку 12.

Соперниците се борат за вкупно 150 републикански делегати во четири држави – покрај во Мичиген и во Мисисипи, тоа се Ајдахо и Хаваи.

Досега Трамп вкупно има освоено 428 делегати, Круз 315, Марко Рубио 151. За да се добие номинацијата на Републиканската партија за претседател, неопходни се 1237 делегати.

Трамп победите на вчерашните предизбори рече дека ги смета за доказ оти рекламата е помалку важна од компетентноста.

Во говор пред приврзаници на Флорида, милијардерот по двете победи изјави: „Само еден човек добро помина вечерва – Доналд Трамп“.

Неговата победа во Мичиген му е четиринаесетта.

Кај демократите, Хилари Клинтон ја утврди својата фаворитска позиција, освојувајќи над 80% од гласовите на прелиминарните избори на демократите во Мисисипи.

Следната важна етапа од изборната кампања се прелиминарните изобри и собранијата на 15 март на Флорида, во Илиноис, Мисури, Северна Каролина и Охајо.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×