Трамп и Меркел ќе се запознаат на средба неделава во Вашингтон
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Германската канцеларка Ангела Меркел оваа недела првпат ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп. Ќе разговараат за глобалната трговија, за борбата со Исламската држава, за НАТО и за односите со Русија и со Кина.

Ставовите на двајцата лидери се дијаметрално спротивни по редица прашања. Меркел го критикуваше Трамп поради забраната за граѓани од седум муслимански држави да влегуваат во САД. Трамп, пак, не еднаш ја нарекол политиката на отворени врати на Меркел „катастрофална грешка“ за која Германија ќе си плати, но за канцеларката искажувал и комплименти нарекувајќи ја „фантастичен лидер“, иако, не ја познава лично.

Коментар на Трамп е и дека Европската унија е „носител на Германија“ и „затоа мислам дека беше многу паметно од страна на Велика Британија да излезе“.

Официјален Берлин, исто така, сака да ги врзе енергетските политики со климатските промени и да ја зголеми поддршката за Африка за да превенира нови мигрантски бранови. Трамп, пак, го одрекува глобалното затоплување и се заканувал дека ќе се повлече од Парискиот климатски договор.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×