Трамп и Путин ќе се сретнат в петок на Г-20
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Претседателите на САД и на Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, в петок, на 7 јули, ќе се сретнат во Хамбург, во рамките на самитот на Г-20, соопшти денеска надворешнополитичкиот советник на Кремљ, Јуриј Ушаков.

„Го усогласивме датумот за 7 јули“, рече Ушаков на брифинг со новинарите во Москва.

Средбата ќе се оствари на првиот ден од Самитот на Групата 20 најразвиени земји и држави со забрзан развој во светот (Г-20), што ќе се одржи во германскиот град Хамбург.

Ушаков вчера соопшти за што ќе разговараат Трамп и Путин, а имено главна тема ќе им биде контролата на наоружувањето и стратешката стабилност, од перспектива на двете држави – најголеми нуклеарни сили што ги предводат, кои како такви се најодговорни за светската безбедност.

Теми ќе бидат, откри Ушаков, борбата со меѓународниот тероризам, како и ситуацијата во Сирија и во Украина.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×