Трамп и се закани на Меркел: Ако го градите Северен тек, следува трговска војна
Објавено на од во Политика

Tramp Merkel novaПретседателот Доналд Трамп се изјасни гласно против изградбата на гасоводот Северен тек, од Русија до Германија преку Балтичкото море.

Тој буквално и се закани на германската канцеларка Ангела Меркел дека ако не го прекинат проектот Северен тек, САД ќе започнат трговска војна на Европската унија.

Германските медиуми изјавата на Трамп за прекин на изградбата на Северен тек ја нарекуваат изнудување.
Трамп претходно ги објави плановите дека од 1 јуни планира да воведе царина за увоз на челик и алуминиум од ЕУ. Европските политичари се обидуваат да склучат договор за изземањето на ЕУ од увозните царини, а за возврат треба повеќе да го отворат европскиот пазар за американските производи. Меѓутоа, меѓу барањата кои САД бараат да бидат исполнети од ЕУ во замена за ослободување од царини е и прекинување на изградбата на Северен тек.

Денеска е предвидена средба меѓу Ангела Меркел и рускиот претседател Владимир Путин во Сочи, после која иднината на Северен тек ќе стане појасна.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×