Трамп и се закани на Турција дека економски ќе ја уништи ако ги нападне сириските курди
Објавено на од во Политика

NATO Alliance Summit in BrusselsАмериканскиот претседател Доналд Трамп се закани дека економски ќе ја уништи Турција ако ги нападне курдските сили во Сирија по планираното повлекување на американските трупи. Во два твита ноќеска, Трамп кажа и дека не сака Курдите да ја провоцираат Турција.
„Почнува долготрајното повлекување од Сирија додека го напаѓаме малиот преостанат дел на територијалниот калифат на Исламска држава од повеќе правци. Повторно ќе ги нападнеме од постојните блиски бази доколку повторно се формираат. Економски ќе ја уништиме Турција доколку ги нападне Курдите. Направете безбедносна зона од 20 милји…“, напиша Трамп.

Претседателот на САД порача и дека треба да сопрат бескрајните војни.

„Исто така, не сакам Курдите да ја предизвикуваат Турција. Русија, Иран и Сирија ќе имаат најголем ќар од долгорочната американска политика на уништување на ИСИС во Сирија, природните непријатели. Исто така, и ние имаме корист, но сега е време да ги доведеме нашите трупи дома. Сопрете ги бескрајните војни!“, порача Трамп.

Американската војска се бореше заедно со курдските милиции во северна Сирија против Исламската држава. Турција, пак, ги смета курдските сили во Сирија за терористи.

Трамп минатиот месец ги изненади сојузниците и се соочи со силни критики во САД откако нареди итно повлекување на американските војници од Сирија.
Коалицијата против Исламска држава, предводена од САД, го почна процесот на повлекување од Сирија, соопшти во петокот портпарол на коалицијата. Во Сирија има околу 2.000 американски војници.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×