Трамп: Исламот го мрази Западот
Објавено на од во Политика

Доналд Трамп, еден од кандидатите на Републиканската партија за претседател на САД изјави дека верува дека Исламот го мрази Западот.

“Мислам дека Исламот не мрази”, изјави Трамп во интервју за CNN емитувано вчера. Трамп оценува дека станува збор за ужасна омраза.

Tramp“Мораме да видиме каде се корените за тоа. Станува збор за незамислива омраза кон нас”, изјави Трамп.
На новинарското прашање дали е во тел војна на Западот и радикалниот Ислам или војна помеѓу Западот и Исламот воопшто, Трамп одговорил:“Тоа е радикален пристап и многу е тешко да се дефинира. Тешко е тоа да се раздвои, бидејќи не знаете кој е кој”.

Критичарите на Трамп, пак, сметаат дека неговата реторија и неговите повици на муслиманите привремено да им се забрани влез во САД можат само да го влошат проблемот и да ги отуѓат умерените муслимани.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×