Трамп ја плаши ЕУ со царини за европски стоки од 4 милијарди долари
Објавено на од во Економија
Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе стави нови царина за европски производи во висина од 4 милијарди долари.
trumpЦарините, меѓудругото, би се однесувале и на сирење, шкотско виски и маслинки. Американскиот лидер го зголемува притисокот врз ЕУ поради долготрајниот спор околу субвенциите на Ербас, пишува Гардијан.
Од канцеларијата на трговскиот претставник на САД објавија список со уште 89 стоки, вклучувајќи маслинки, италијански и холандски сирења, шкотско виски, ирско виски, паста, кафе и шунка, кои може да бидат оданочени.
Заканата дојде неколку дена по прекинот на огнот во трговската војна меѓу САД и Кина.
САД и ЕУ се закануваат меѓусебно да си наметнат царини на авиони, трактори и храна, поради трговскиот спор поврзан со субвенционирање на американскиот производител на авиони Boeing и европскиот конкурент – Airbus.
Трамп наметна 25% царина за европскиот челик и 10% на алуминиум од ЕУ, кои влегоа во сила во мај 2018 година Тогаш тој најави дека “трговските војни се убаво нешто”. ЕУ во февруари одговори со ограничување на увозот на челик.
Светската трговска организација утврди дека Boeing и Airbus, двата најголеми производителот на авиони во светот, добиле милијарди долари државни субвенции. Ова е еден од најголемите трговски спорови во историјата.
Во текот на летото, од организацијата се очекува да донесе одлука за барање од САД да наметне санкции, иако може да се одложи до септември.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×