Трамп ја спушти цената на Boeing за новиот претседателски авион
Објавено на од во hi-tech & business

Извршниот директор на Boeing, Денис Муленбург, му ветил на избраниот американски претседател, Доналд Трамп, дека цената на новиот претседателски авион, поради која Трамп се закани со откажување на нарачката, ќе биде помала од 4 милијарди долари. Избраниот претседател на САД, за цените на авионите вчера разговарал со Муленбург, но и со Мерилин Хјусон од Lockheed Martin, во своето летувалиште Мар-а-Лаго на Флорида, каде го поминува божикните празници.

„Ќе го изработиме за помалку од 4 милијарди долари“, изјавил Муленберг по состанокот.

Откако победи на изборите, Трамп разви полемика кога на Twitter напиша „откажете ја порачката“, бидејќи цената повисока од 4 милијарди долари за нов авион Air Force One 747 за идните американски претседатели ја смета за превисока.

„Се обидуваме да ги намалиме цените. Првенствено за F-35 (борбен авион на Lockheed Martin). Таа прогама е многу, многу скапа“, изјави Трамп за новинарите по состанокот со директорите на авиокомпаниите и со десетина официјални лица од Пентагон.

Цената на F-35, што го употребуваат маринците и воздухопловните сили, порасна, според проценките, на 400 милијарди долари, поради што се смета за најскап оружен систем во историјата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×