Трамп ќе го номинира Стивен Мур за член на Бордот на ФЕД
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Именувањето на Мур за член на Бордот на ФЕД ќе придонесе за зголемување на влијанието на Трамп врз оваа институција, која ја има улогата на централна банка на САД.
trump oАмериканскиот претседател Доналд Трамп денеска најави дека планира да го номинира поранешниот советник на неговиот Изборен штаб, Стивен Мур за член на Советот на гувернери на Управата на федерални резерви (ФЕД).
Трамп жестоко ја критикуваше ФЕД и посебно нејзиниот прв човек Џером Пауел дека „премногу брзо ја зголемуваат“ висината на основната каматна стапка, иако Управата минатата недела реши да не ја менува каматата.
Мур, кој важи за конзервативен економист и е познат по одбраната на економската политика на Трамп, минатата недела во авторски текст во „Волстрит џурнал“ оцени дека сегашната политика на ФЕД е „последната главна пречка“ за американскиот економски раст.
Одборот на гувернери на ФЕД се состои од седум члена и е задолжен за надзор на работата на Управата и помага во формулирањето и спроведувањето на нејзината политика.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×