Трамп ќе игра на картата на поевтин долар за да го поттикне американскиот извоз
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Trump dollarДоларот падна на најниско ниво во однос на еврото по изјавата на министерот за финансии на САД, Стивен Манучин дека послабата валута на краток рок е добра за американските извозници и за економијата.

 

Доларот поевтини на тригодишен минимум во однос на еврото во четвртокот по изјавата на министерот за финансии на САД дека послабата американска валута е добра за економијата на земјата и за американските извозници.
Мислењето на министерот Манучин се разликува од досегашната политика на САД за поддршка на силниот долар. Тоа ги наведе аналитичарите на заклучок дека администрацијата на САД можеби се обидува да ја намали вредноста на доларот, за да и даде поддршка на трговијата, како дел од неговата стратегија за поддршка на американската економија наречена “Америка на прво место”.

“Не се загрижени за нивото на доларот на краткорочен план, бидејќи станува збор за многу, многу ликвиден пазар”, изјави Манучин.
Овој коментар на американскиот министер за финансии го предизвика едно од најголемите намалување на вредноста на доларот во последните неколку години. Со тоа вредноста на еврото вчера достигна вредност 1,2461 долари, што е највисока вредност во изминатите три години.
Многу инвеститори сметаат дека министерот Манучин досега отфрла каква и да е идеја за политиката на силен долар, која што беше спроведувана од повеќе американски министри за финансии во изминатите 20 години.
Поевтиниот долар ги прави поконкурентни американските производи, и покрај тоа што има ризици за зголемување на инфлацијата, преку зголемувањето на трошоците за увоз.

Според Сајмон Дерик, главен валутен експерт во BNY Mellon, ниту еден министер за финансии на САД во последните 15 години не бил толку директен во нагласувањето на предностите на послабата валута.

Манучин вели дека САД не се обидуваат да ја искористат валутата како оружје во трговската војна, туку дека власта се обидува да направи се што е во нејзина моќ за да го поткрепи американскиот бизнис.

“Сакаме слободна, праведна и реципрочна трговија”, изјави Манучин. “Не се обидуваме да започнеме трговски војни, но од друга страна се обидуваме да ги заштитите американските интереси”.

На долгорочен план, смета Манучин, вредноста на американската валута ќе  ја одрази основната сила на економијата на САД.

“Тоа што е добро за САД е добро и за останатиот дел од светот, ако се гледа од гледна точка на економскиот раст”, смета Манучин.

“Програмата ќе биде дека САД се отворени за бизнис и дека новиот даночен систем го прави инвестирањето и отворањето на работни места во САД”, смета Манучин.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×