Трамп нареди, а потоа го откажа нападот врз Иран
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Американскиот претседател Доналд Трамп одобри напад врз Иран поради соборување на американското беспилотно летало, но по неколку часа тој се повлече и го откажа нападот, пишува „Њујорк тајмс”.
trump-iran-USТрамп, како што наведува неименувано официјално лице запознато со ситуацијата, првично одобри неколку воздушни напади врз радарите и ракетните системи.
Било планирано воздушните напади да се спроведат рано утрово, со цел ризикот за населението да биде најнизок.
Официјалниот претставник за „Њујорк тајмс“ изјави дека авионите биле во воздух, а бродовите биле на позиции, кога пристигнала наредбата за повлекување од нападот.
Нападот на САД би бил одговор на соборувањето на набљудувачкиот дрон вреден 130 милиони долари.
„Њујорк тајмс“ додава дека засега не е јасно дали нападот врз Иран, на крајот, сепак ќе биде извршен.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×