Трамп нареди уште построга контрола на странците по нападот во Њујорк  
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Американскиот претседател Доналд Трамп доцна синоќа нареди засилување на програмата за проверка на странците кои доаѓаат во САД, неколку часа по нападот во Њујорк во кој загинаа осум, а повредени се 11 луѓе.

„Токму што наредив внатрешната безбедност да ја засили програмата за проверка која веќе е екстремно строга“, наведе Трамп на Твитер, додавајќи дека „убаво е да си политички коректен, но не за вакви работи“.

Напаѓачот во Њујорк е идентификуван како Узбекистанец. Полицијата го рани во стомак, но болнички извори наведуваат дека ќе преживее.

Асошиејтед прес од извори блиски до истрагата пренесе информација дека името на напаѓачот е Сајфуло Саипов, кој легално влегол во САД во 2010 година. Има возачка дозвола од Флорида, а живеел во Њу Џерси.

Меѓу осумте жртви се шест странци – пет аргентински туристи и една Белгијка.

Напаѓачот со мини-камион влета меѓу велосипедисти на велосипедска патека и пешаци, на Менхетн, неколку блока од споменикот на жртвите на терористичкиот напад на Светскиот трговски центар.

Напаѓачот во моментот кога полицијата пукала во него извикал „Алаху Акбар“.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×