Трамп: НАТО веќе не е застарена организација
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека НАТО не е застарена организација, како што тврдеше во својата предизборна кампања. Но, тој додаде дека државите членки на Алијансата треба да си го плаќаат својот дел за одржувањето на безбедноста на Европа.

На пресконференцијата по средбата со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, Трамп им заблагодари на членките на НАТО за поддршката на неговата одлука САД да истрелаат 59 проектили врз сириската авиобаза, како одговор на хемискиот напад врз цивили.

„Реков дека е застарена – веќе не е“, рече Трамп за НАТО и додаде дека Алијансата се прилагодува на заедничката мисија за борба со радикалните исламисти.

Столтенберг, пак, му заблагодари на Трамп за апелот до државите-членки на Алијансата да ги зголемат своите расходи за одбрана.

Според него, правичната распределба на товарот е негов водечки приоритет откако ја добил функцијата генсек.

Столтенберг рече дека првпат по многу години, лани имало зголемување од 3,8% во расходите за одбрана меѓу државите членки на НАТО.

Во однос на напнатоста со Русија, генералниот секретар на НАТО рече дека „единствен начин да се избегне нова Студена војна и нов натпревар во вооружувањето, е да продолжиме да ја привлекуваме Русија за учество во политичкиот дијалог“.

И Трамп се надоврза во контекстот со став дека „би било мошне добро доколку САД, НАТО и Русија меѓусебно се разбираат (особено во однос на ставањето крај на граѓанската војна во Сирија, н.з.)“, но додаде оти односите меѓу Вашингтон и Москва се влошени „и можеби на најниско ниво од кога и да е“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×