Tрамп: Нема докази дека Путин убивал новинари и политички ривали
Објавено на од во Политика

Donald Trump Holds Rally At Grand River CenterАмериканскиот бизнисмен и републички кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп го брани претседателот на Русија, Владимир Путин од обвинувањата дека наредувал убиства на новинари и политички ривали, пренесува „USA Today”.

Трамп рече дека е лошо е да се зборови дека рускиот лидер убивал новинари.

„Да, секако дека има обвинувања. Слушав за обвинувањата во текот на годините, но никој не докажа дека тој убил било кој, колку што знам јас“, рече Трамп.

Само за потсетување, минатата недела Путин го пофали Трамп како „бистар и талентиран“ и дека е „апсолутен лидер во претседателската трка“.

Трамп за зборовите на Путин рече дека „му е голема чест да добие такви комплименти“ од него.

Политичарите во САД го критикуваа Трамп поради тоа што ги прифатил пофалбите од рускиот претседател.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×