Трамп незадоволен од независноста на Федералните резерви
Објавено на од во Економија
Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека неговиот кинески колега, Си Џинпинг, има голема предност во трговската војна меѓу САД и Кина, бидејќи ја контролира кинеската централна банка, додека тој мора да работи со Федерални резерви, кои се „многу деструктивни за САД”.
trump_federal-reserveВо интервју за Си-Ен-Би-Си Трамп јасно изнесува фрустрација од систем што и дава независност на американската централна банка од политиката, на што се гледа како клучно за нејзиниот кредибилитет од повеќето економисти.
Американскиот претседател рече дека Си во суштина е шеф на кинеската централна банка.
-Тој може да направи што сака, рече Трамп.
Тој исто така, се пожали дека, иако назначил четири од пет членови на Одборот на директори на Федералните резерви, вклучувајќи го и претседателот Џером Пауел, „во Фед има луѓе кои не се навистина негови луѓе”.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×