Трамп номинираше еден од најголемите критичари на Светска банка за нејзин претседател
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Се чини дека останатите земји би можеле да бидат против номинацијата.

Американскиот претседател Доналд Трамп го номинирал Дејвид Малпас, долгогодишен службеник во федералната влада на САД и критичар на мултилатералните институции, за претседател на Светската банка.

Номинацијата на Трамп ја гласа Извршниот одбор на Светска банка, а процесот на предавање на должноста ќе започне во четврток и ќе трае до 14 март. Конечниот избор ќе се знае до средината на месец април.

Дејвид Малпас е потсекретар во министерството за финансии, федералната влада на САД, задолжен за меѓународни прашања. Тој во 2017 година пред Конгресот на САД ја критикувал политиката на кредитирање на Светска банка, велејќи дека не смее повеќе да позајмува пари на земји како Кина која е втора економија во светот. Тој потоа во април 2018 година дал согласност за зголемување на капиталот на Светска банка во вредност од 13 милијарди долари за финансирање на најсиромашните земји.

Но се чини дека останатите земји би можеле да бидат против номинацијата, особено што сметаат дека е крајно време да се прекине доминантното влијание на САД во Светската банка.

Од нејзиното основање, до денес, со неа раководат Американци кои ги имал избрано американски председател. Многу членови на Светска банка, чиј главен фокус  е издавање кредити на земјите во развој, сметаат дека треба да имаат свои представници во нејзиното високото раководство.

Останати посериозни кандидати за оваа позиција се бившата министерка за финансии на Индонезија и главен оперативен директор на Светска банка, Сри Мулиани Индрауати, и бившиот министер за финансии на Нигерија, Нгозија Оконоџо Ивеалеа, кој бил кандидат и во 2012 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×