Трамп подготвен да го нападне Иран; Иран: Ве чекаме!
Објавено на од во Политика
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Соединетите држави се подготвени „како пушка“ за потенцијален одговор на нападот врз нафтените постројки на Саудиска Арабија, за кој Вашингтон го обвини Иран. Иран вели дека тие се подготвени за војна.
pozar-saudijska-arabija„Има причина да веруваме дека знаеме кој е виновникот, ние сме „спремни како пушка“, но чекаме да слушнеме од Кралството за кого веруваат дека стои зад овој напад“, напиша Трамп на Твитер.
Претходно, државниот секретар на САД, Мајк Помпео, рече дека доказите за нападот, кој ја зафати најголемата рафинерија на нафта „Арамко“ на Саудиска Арабија, укажуваат на тоа дека Иран стои зад неа, а не групата од Јемен, Хаути, коисе огласија дека стојат зад нападите.
Висок командант на револуционерната гарда Амирал Хаџизада предупреди дека Исламската Република Иран е подготвена за „тотална“ војна.
Цените на нафтата скокнаа околу 10 проценти утрово по нападот на „Арамко“, кои го намалија производството за повеќе од 5,7 милиони барели сурова нафта на ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×