Трамп подготвува 12 милијарди долари помош за земјоделците
Објавено на од во Економија

Tramp 1Администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп претстави план кој има за цел намалување на штетите за американските фармери од трговскиот спор. Помошта од 12 милијарди долари треба да ја заштити индустријата од поголемите царини кои другите земји ги воведуваат како одговор на зголемените царини од страна на САД.

Планот предвидува субвенции за фармерите и откуп на непродадените култури, како и други мерки. Поголемиот дел од помошта од 12 милијарди долари ќе биде насочена кон земјоделците во форма на директни плаќања.
Земјоделскиот сектор кој остварува околу 20% од вкупните приходи од извоз смета дека потегот на Трамп ја пореметува побарувачката на стоки и дека ќе предизвика долгорочни штети врз однесувањето на купувачите.

Асоцијацијата на производители го критикува планот за помош на Трамп како краткорочно решение за вештачко создадениот проблем.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×