Трамп потпиша проглас за распоредување на Националната гарда на границата со Мексико
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша проглас за распоредување припадници на Националната гарда на американско-мексиканската граница, со цел спречување илегална имиграција, сметајќи дека ситуацијата достигнала „кризна точка“.

„Беззаконието што продолжува на нашата јужна граница фундаментално е неспоиво со безбедноста и суверенитетот на американскиот народ“, наведува Трамп во меморандумот за одлуката, додавајќи дека неговата администрација „немала друг избор освен да дејствува“.

Ова соопштение е објавено вчера, по локално американско време, неколку часа откако Трамп се заложи за „денешната силна акција“ по прашањето на имиграцијата, како и откако рече дека ќе употреби армија за обезбедување на јужната американска граница, додека граничниот ѕид не биде изграден.

Американската министерка за внатрешна безбедност, Кристен Нилсен, рече дека со гувернерите на државите на југозападот на САД се договара каде и колку гардисти ќе бидат распоредени.

Како што рече, распредувањето ќе биде спроведено најбрзо што може.

Иако официјално не се знае колку гардисти ќе бидат распоредени, и колку тоа ќе чини, AP, повикувајќи се на неименуван извор, очекува да бидат распоредени меѓу 300 и 1.200 гардисти, а трошоците да бидат најмалку 60 до 120 милиони долари годишно.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×