Трамп прогласи вонредна состојба и забрана за странски телекомуникациските мрежи: Главна мета е кинекси Хуавеи
Објавено на од во Економија
Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која прогласи вонредна состојба за заштита на телекомуникациските мрежи на САД од странски закани.
Tramp Huavei 2
Со указот им се забранува на американските компании да користат телекомуникациска опрема, произведена од компании кои можат да претставуваат опасност за безбедноста на земјата. Таа одлука се смета за дел од пошироките напори да се забрани пристапот на кинескиот технолошки гигант Хуавеи на американскиот пазар.
Прес-службата на Белата куќа истакна дека целта на указот е да ја заштити Америка од странски противници кои активно и се повеќе создаваат и користат ранливи места во информатичката и комуникациската инфраструктура за свој интерес.

Вашингтон смета дека телекомуникациската опрема на Хуавеи, третиот по големина производител на паметни телефони, може да биде искористена од Кина за шпионажа.

 Челниците на кинескиот технолошки гигант Хуавеи сметаат дека оваа мерка го ограничува работењето во САД и дека им штети најмногу на американските потрошувачи и компании.
Неколку земи на чело со САД, во последните месеци изразија загриженост дека Кина ги користи производите на Хуавеи за надзор во странски земји. САД исто така вршат отворен притисок на сојузниците да не ги користат најновите Хуавеи апарати.
Покрај тоа, Министерството за трговија на САД го стави Хуавеи на листата на компании на кои им е забрането да купуваат технологии од американски компании без одобрување од владата. Хуавеи беше во центарот на американско-кинеската трговска војна во изминатата година.
 Што пишува во наредбата од Белата куќа?
 Во соопштението на Белата куќа пишува дека американскиот претседател има за цел да ја заштити САД од нападот на странски противници кои активно се обидуваат да го искористат недостатокот на информациони и комуникациски технологии/
Оваа наредба исто така му дава моќ на Министерството за трговија да забрани трансакции кои претставуваат ризик за националната безбедност.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×