Трамп: САД наскоро ќе се повлечат од Сирија
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американските сили наскоро ќе се повлечат од Сирија.

„Наскоро ќе ја напуштиме Сирија. Овој момент е многу блиску. Други луѓе нека се занимаваат повеќе со оваа земја. Сто отсто ќе имаме контрола над она што го нарекуваат „калифат“. Сѐ ќе им земеме назад (од рацете на ИСИС)“, изјави Трамп во обраќање на собир во државата Охајо.

Американскиот претседател ја пофали војската на својата државата во борбата против ИСИС, додавајќи дека САД се пред самиот крај на таа борба.

Трамп и минатиот месец изјави дека САД треба што порано да ја напуштат Сирија, но и тогаш не изнесе детали за можното повлекување од земјата погодена од војна.

„Руските елементи“ се распоредија минатата седмица источно од Еуфрат, што ја означува зоната на деескалација договорена со Русија, „во зона за која се договоривме дека можат таму да одат“, но „премногу се приближија“ до позициите на американските војници, изјави американскиот министер за одбрана, Џим Матис.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×