Трамп се соочува со импичмент
Објавено на од во Политика
Ненси Пелоси, спикер на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, контролиран од демократите, денеска се очекува да објави формална процедура за отпочнување на импичмент (отповикување) на претседателот Доналд Трамп, дознава Си-Ен-Ен.
трампСпоред телевзијата, веќе 160 членови на Претставничкиот дом бараат импичмент на претседателот, после сознанијата дека тој наводно ја злоупотребил власта со притисок врз странски лидер, украинскиот претседател Володимир Зеленски, да објави компромитирачки материјали за претендентот за демократски претседателски кандиднат Џо Бајден.
Во меќувреме, Трамп изјави дека утре ќе објави декласифицирана транскрипт од разговорот со Зеленски.
Трамп за истрагата и импичментот: Тоа е лов на вештерки
Американскиот претседател Доналд Трамп ја критикуваше одлуката на демократите во Претставничкиот дом да покренат формална истрага за него, што може да доведе до негово отповикување, нагласувајќи дека станува збор за „лов на вештерки“.
„Таков важен ден во Обединетите нации, толку многу работа и толку многу успех, а демократите намерно мораа да ги уништат и понижат сите со ударни вести. Ловат вештерки “, напиша Трамп на Твитер.
Тоа, додаде тој, е лошо за Америка.
Тој исто така рече дека иницијаторите на петицијата не го виделе транскриптот на неговиот разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски, што ќе го објави денеска.
Свиркач од разузнавањето открил дека Трамп разговарал со украинскиот колега Володимир Зеленски кон средината на летото, барајќи од него да се компромитираат информациите за Хантер Бајден, син на Џо Бајден, еден од кандидатите на демократите за изборите во 2020 година.
Додека нема докази за наводна корупција од страна на Бајден или неговиот син, кој бил во бордот на украинската енергетска компанија „Буризма холдингс“, разговорот на Трамп може да биде злоупотреба на претседателската моќ, јави Си-Ен-Ен.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×