Трамп токми антимонополски мерки против Гугл и Фејсбук
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за Си-Ен-Би-Си ги коментираше антимонополските истраги и делата на европските регулатори против американски технолошки компании како Гугл и Фејсбук.

trump-fb-twitterТој истакна дека тоа се „големи компании“, но кога станува збор за концентрација на моќ и монопол, „навистина нешто слично се случува во големите интернет гиганти“. Претседателот смета дека страничен ефект од сите случаи и казни кои Европа им ги наметнува на технолошките компании, како што е Гугл, се огромните суми пари кои влегуваат во касата на ЕУ.

„Ние исто така треба да правиме како нив“, рече Трамп, според кого ЕУ во случаите против технолошки гиганти гледа лесен начин да заработат пари.

„Мислам дека ситуацијата е лоша. Тие ги напаѓаат нашите компании, но таму навистина се случува нешто во однос на монополот“, рече Трамп.

Европската комисија му наложи на Гугл антимонополски парични казни од 9,5 милијарди долари од 2017 година. Фејсбук исто така е објект на истрага во многу европски земји, особено по воведувањето на Општата регулатива за заштита на податоци (GDPR).

Трамп сепак истакна дека пристапот на американското правосудство кон големите технолошки компании би бил различен од оној на европските регулатори.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×