Трансфер бомба на телеком пазарот: Никола Љушев не е повеќе директор на оне. Вип, на негово место Димитар Ковачевски од Македонски телеком!
Објавено на од во Компании

И официјално потврдено: Димитар Ковачевски, нов извршен директор на оне.Вип. Љушев се повлекува од лични причини, велат од компанјата

Ljusev2

Никола Љушев го предводеше растот и развојот на Вип од самиот почеток во 2007 година

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Она што го напишавме утрово повикувајќи се на наши извори во оне.Вип, сега и официјално стигна како соопштение од компанијата: Димитар Ковачевски кој што доаѓа од топ менаџерска позиција во Македонски Телеком  е нов извршен директор на оне.Вип, а обврските на новата функција ќе ги превеземе кон крајот на декември 2016 . Тој го наследува Никола Љушев,  кој што од функцијата извршен директор се повлекува од лични причини и одлучи да прифати нови предизвици надвор од оне.Вип и Кластерот, се вели во соопштението.

“Никола Љушев беше предводник на крупните структурни промени кои настанаа во телекомуникацискиот бизнис во Република Македонија и одговорен за процесот на спојување и интеграција на трите компании. Тој беше дел од Телеком Австрија Групацијата од 2007 година како главен извршен директор на ново лансираниот Вип.оператор, позиционирајќи ја компанијата како еден од најуспешните и најбрзорастечки мобилни оператори во Македонија. За огромното искуство на Никола во телеком индустријата кое го стекна уште во Македонски Телеком и Космофон, му беше оддадено признание два пати од страна на престижниот меѓународен магазин Глобален Телеком Бизнис во 2010 и 2011 година како еден од 40-те врвни и најуспешнисветски менаџери под 40 години. Оне.Вип ја искажува огромната благодарност до Никола за неговата работа во компанијата и му посакува многу успех во неговата идна кариера“, се вели во компаниското соопштение.

Dimitar Kovachevski-Kuzmanovska I (7) WEB

Димитар Ковачевски е долги години на високи менаџерски позиции во Македонски Телеком

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Димитар Ковачевски кој што доаѓа на местото на Љушев, има успешна кариера од 18 години во различни области од телекомуникациската индустрија. Тој ја почна неговата кариера во Македонски Телеком каде што го продолжува својот развој на менаџерски позиции вклучувајќи ја позицијата директор на Секторот за комерцијални корисници, одговорен за малопродажната мрежа и на проактивните продажни канали, директор на Центарот за маркетинг комуникации и односи со јавност, директор на Центарот за маркетинг и продажен менаџмент, во исто време како дел од многу стратегиски корпоративни проекти. Неговата професионална кариера вклучува членство во интернационални бренд и комуникациски комитети и управни одбори.

Ковачевски е дипломиран економист во полето на корпоративниот менаџмент, информациски системи и бизнис процес интеграција. Исто така ја има завршено Извршната Образовна Програма во полето на маркетингот на Универзитетот Харвард. Бил дел од академски и извршни програми на Минхенскиот Технички Универзитет и на Холандскиот Еразмус Универзитет на полето на претприемништвото и стратешко менаџирање.

Тој има титула Доцент на Универзитетот Американ Колеџ во Скопје во полето на маркетингот и организациски науки каде што предава Стратешки Бренд Менаџментна МБА студиите.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×